Ресана колачот е еден од највкусните и омилените колачи на сите. Покрај тоа што се прави многу брзо и лесно, само со мешање на состојките, неговиот посебен вкус се должи на млекото и јафа кексите кои прават перфектна комбинација. Според новиот рецепт на Ана, пробајте го кекси ролатот со јатки, кој таа вели дека е еден од највкусните што ги пробала.




Овој колач може да го подготвувате со кикирики, лешници, бадеми (со кикирики има вкус на сникерс). На крајот може да го наросите со кокос или по ваша желба. Овој празничен ролат е одличен за велигденските празници и изгледа многу декоративно на свечената трпеза. Може да го послужите со сечење на кругови или на помали ролати, по три. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бисквити, 120 г шеќер, 60 г какао, 10 г ванилин шеќер, 250 мл млеко, 150 г путер, 220 г кикирики (120+100) и уште малку путер за премачкување.




ПОСТАПКА: Бисквитите скршете ги на средни парчиња во еден подлабок сад. Може да користите било какви бисквити, тенките се одлични за овој вид на колач. Обично се користат бели бисквити за да се гледаат при пресек на ролатот, но и какао бисквитите го даваат истиот вкус. Измерете 220 г кикирики и сомелете ги во блендер, на најситно, да не останат поголеми парчиња.




Потоа, одземете 120 г од мелените кикирики и измешајте ги со скршените бисвити. Преостанатите кикирики сочувајте ги за подоцна за декорација. Доколку одлучите ролатот да го декорирате со кокос или некои други јатки, сомелете само 120 г кикирики за во колачот.




Во едно помало тенџере соединете ги шеќерот, какаото и ванилиниот шеќер. Измешајте со жица/маталка, па со постојано мешање, полека сипувајте го млекото, кое треба да биде на собна температура. Ставете го тенџерето на рингла на тивок оган и со константно мешање, варете додека млекото да зоврие.




Полека смесата ќе почне да се згуснува, па кога ќе почне да се надигнува, тргнете од рингла и измешајте го путерот додека да се растопи. Почекајте малку да се олади, па кога ќе стане млака, по малку излевајте ја во бисквитите и кикириките. Измешајте со лесно движење со помош на шпатула додека целата течност да се апсорбира во бисквитите и мелените кикирики и да стане густа, речиси како тесто.




Вака подготвената смеса излејте ја на хартија за печење и обликувајте ја во подебел ролат. Завиткајте во хартијата и ставете го ролатот во фрижидер да се стегне на неколку часа или преку цела вечер. По стегнувањето, премачкајте го ролатот со малку растопен путер и на него залепете ги преостанатите мелени кикирики, кокосови трошки или нешто по ваш избор..




За секоја страна од ролатот да биде наросена со јатките, може да си наросите директно на хартијата и со превртување да го обложите ролатот. Послужете го со сечење на кругови или на неколку помали ролати. Деталите погледнете ги ОВДЕ.