Ви паѓа коса, хронично сте уморни, кожата ви е сува – дефицитот на железото може да биде сериозно

Прехрамбени навики или хронична болест? Зошто се јавува дефицит на железо во организмот и како да ја вратиме рамнотежата.

Според статистиките, недостиг на железот во телото е забележано кај 30-40% од населението на нашиот континент. Причина може да биде широк спектар фактори, од прехрамбени навики до хронични болести.

Како да се препознае недостиг на железо, кои се неговите главни причини и како да се носите со нив?

ГЛАВНИ ЗНАЦИ ЗА НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО

ХРОНИЧЕН УМОР

Секако, тоа може да биде знак за било што друго, од недостиг на течности во телото до клиничка депресија и хормонална нерамнотежа, но вреди да се запамти дека токму железото е одговорно за производство на хемоглобин.

Ако во телото нема доволно кислород, клетките не се заситени со кислород – а како резултат на тоа, се чувствуваме уморно веднаш после будењето, дури и ако доволно сме се наспале и сме се напиле кафе пред појадокот.

СОСТОЈБА НА КОЖАТА

Со недостиг на железото, дури и кожата која воопшто не е склона на сувост, може да започне да се перути, а овде нема да помогнат никакви хидрантни креми и серуми (козметиката за жал, не е во состојба да го реши внатрешниот проблем). Покрај тоа, кога недостига железото, тенот поприма нездрав сивкаст отсјај и кожата го губи својот природен сјај.

ГЛАВОБОЛКА

Главоболките се исто така поврзани со недостиг на хемоглобин – ако клетките не добиваат доволно кислород, главоболката и мигрената може да се влошат, што на крај станува хронично. Непријатниот бонус е тоа што доаѓа до намалување на перформансите, концентрација и оштетување на меморијата.

СОСТОЈБА СО КОСАТА И НОКТИТЕ

Со недостиг на железо, косата станува сува и почнува да опаѓа, како во случајот со кожата, овде нема да помогнат маски и масла. Ноктите стануваат потенки, се кршат, а плочата станува нерамна.

ПРИЧИНИ ЗА НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО

ДИЕТА ЗАСНОВАНА НА БИЛКИ

Одбегнувањето на животинските производи несомнено има многу предности за телото, но има и некои недостатоци.

Железото од растителните производи се апсорбира многу полошо отколку она од месото или рибата поради ниска биорасположивост. Веганите и вегетаријанците треба редовно да се прегледуваат кај специјалист кој ќе им помогне во прилагодување на исхраната и доколку е потребно, ќе и пропише диететски суплементи.

НЕИЗБАЛАНСИРАНА ИСХРАНА

За да се доведете во една таква состојба каква што е дефицит на некои потребни супстанции, не е неопходно да спаѓате во групата на вегани и вегетаријанци. Според статистиките, луѓето кои се исклучиво на растителна исхрана поретко патат од недостиг на различни микроелементи, бидејќи се повнимателни во планирањето на диетата.

Обидете се да јадете колку можете поразновидна храна и фокусирајте се тоа да биде колку може поприродна, минимално обработена храна.

ЈАДЕТЕ ХРАНА КОЈА ЈА СПРЕЧУВА АПСОРПЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗОТО ВО ЦРЕВАТА

Главно тоа се сите здрави намирници кои на телото му се потребни, како на пример, солите на фитинска киселина кои се наоѓаат во интегралните житарици, оксалатите од свежиот зеленчук (особено од спанаќот), белките од јајце и полифенолните соединенија од кафето и чајот (кои имаат силни антиоксидативни ефекти).

Секако, не мора да се одрекувате од оваа храна, само имајте на ум овие намирници да не ги комбинирате со храна (или суплементи) богата со железо, и доколку почесто ги консумирате, треба да јадете повеќе храна богата со железо.

ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ

Тука спаѓаат болести на гастроинтестиналниот тракт – целијакија, чир, инфламаторна болест на цревата, тумори, дивертикулоза и паразитска зараза.

Меѓутоа, во овој случај, празашањето за надокнадување на недостигот од железо го одлучува единствено вашиот лекар.

ВИШОК КИЛОГРАМИ

Со прекумерната тежина (ако тоа е медицинска дијагноза), често постои зголемено производство на противвоспалителни супстанции кои ја спречуваат апсорпцијата на железото и ја намалуваат неговата биорасположивост.

РЕДОВНА СПОРТСКА АКТИВНОСТ

Парадоксално, физичката активност не е само корисна. Таа значително ја зголемува не само потребата за протеини и течности, туку и за витамини и минерали, вклучително и железото.

СООЧУВАЊЕ СО НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО

Ако сте се пронашле во некои од горенаведените симптоми, би требало да го контактирате вашиот лекар и да ги направите потребните анализи за да се пронајде точната причина.

Секако лекарот може да ви препише диететски суплементи кои брзо ќе ги доведат сите показатели во нормала, но постојат и многу здрави намирници богати со железо кои треба да се додадат во секојдневната исхрана.

Тука спаѓаат: школки, немасно црвено месо, хељда, мешунки (бел грав, леќа и леблебија), суво грозје, индиски ореви и сок од домати.

Претходна статијаКолач со гриз и кокос – економичен, брз, вкусен и сочен, полн плех
Следна статија11 рецепти за посни колачи без масло (на вода), кој од кој повкусен – најдобриот избор