Овие ванилици се неибежни во време на пост, превкусни се. Имаме 2 рецепти:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.5 чаша масло
2 чаши пиво
1 прашок за печиво
500 г брашно
џем
200 г шеќер во прав
2 ванилин шеќер

ПОСТАПКА за рецепт 1:

Во подлабок сад сипете масло, пиво, прашок за печиво и брашно, па замесете тесто. Развлечете го во кора и со модла вадете крукчиња.

Испечете ги во загреана рерна на 180-200 степени, 10-15 минути, да останат светли, па кога ќе се оладат спојувајте ги со џем и валајте ги во шеќер во прав помешан со ванила.

РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки:

2 шолји масло (околу 500 мл)
1 шолјичка пиво (околу 50 мл)
2 шолји шеќер во прав (околу 300 г)
2 шолји брашно (околу 200 г)
½ прашок за печиво
2 ванилин шеќер
џем од кајсии или шипки
шеќер во прав – ванилин шеќер за валкање на ванилиците

Постапка за рецепт 2:

Во подлабок сад ставете го маслото, пивото, шеќерот во прав, ванилата и брашното помешано со прашок за печиво, па со миксер (со продолжетоци за тесто) измесете тесто додека да се добие компактна топка која не се лепи на раце.

Брашното додавајте го постепено и не претерувајте со него. Ако ставите повеќе брашно и добиете суво тесто, тогаш додајте уште малку пиво.

А ако тестото е премногу меко, тогаш додајте брашно колку што е потребно за да не лепи.

Топката од брашно покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер да се лади околу еден час.

Потоа извадете го тестото на набрашнета работна површина и со оклагија развлечете кора со дебелина од половина центиметар.

Вадете ги ванилиците со модла или со метално капаче од шише ако сакате помали ванилици.

Наредете ги ванилиците на плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 180 степени. Печете ги околу 15 минути, но внимавајте да не ви се препечат, бидејќи треба да останат бели.

Печените ванилици извадете ги во чинија. Спојувајте ги по две со џем, а потоа валајте ги во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.