Фотографија и рецепт на Тајана Јалиќ. Потребни состојки: пилешко бело месо. Од зачини ќе ви бидат потребни: сува мешавина за пилешко, црн и црвен пипер, лук во прав, маслиново масло

Постапка: Месото утрово го исеков и го зачинив со маслиново масло, со мешавина од зачини за пилешко од вегета, лук во прав, црвен пипер, мешавина од црн, зелен и бел пипер.

Сето убаво го измешав со раце за да се обложи месото рамномерно, па го оставив во фрижидер да “одлежи” два часа.

Потоа парчињата ги набоцкав на стапчиња за ражничи, ги завиткав во алуминиумска фолија и ги печев на најдолната решетка на 175 степени. После еден час ја тргнав фолијата и печев уште 15 минути за да се запечат.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕПИЊИ – Потребни состојки: 250 г меко брашно, 250 г остро брашно, 1 сув квасец, малку сол, 350 мл топла вода

Постапка: Сите состојки се матат со миксер или со лажица. Не додавајте повеќе брашно зошто тестото мора да остане меко и лепливо. Оставете го на топло да стасува. Потоа истресете го на добро набрашнерта работна површина и обликувајте четири или пет лепињи.

Рерната загрејте ја заедно со плехот на 250 степени. Потоа лепињите наредете ги во загреаниот плех и печете ги 10-тина минути. Месото е супер сочно и не е суво. За сос ставив јогурт, мајонез и лук во прав. Може да се додаде сечкана пиперка, кромид или нешто по ваш вкус.

Фотографија и рецепт на Тајана Јалиќ