Вакви обланди правам речиси секоја недела…Со многу вкусен фил од чоколадо, нема на кој не му се допаѓаат…

Чоколадо, јаткасти плодови и бисквити – идеална комбинација. Ќе останат супер крцкави, со важна напомена: не го мачкајте филот додека е топол, почекајте малку да се излади, да биде млак. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млеко/растително млеко
300 г шеќер
200 г чоколадо за готвење
250 г путер/маргарин
200 г мелени ореви
400 г мелени бисквити (плазма/петит/посни кекси)

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете 500 мл млеко и додајте 300 г шеќер, измешајте и оставете да зоврие со повремено промешување.

2.Кога млекото ќе зоврие додајте 200 г чоколадо за готвење искршено на коцки и 250 г маргарин, стопете сè и оставете да се вари 5 минути.

3.Тргнете го тенџерето од оган и додајте 200 г ореви. Имешајте и постепено додајте 400 г мелени бисквити. Изедначете. Оставете да се олади, да биде млако. Значи ни топло ни целосно ладно.

4.Рамномерно премачкајте ги обландите со филот, притиснете одозгора со некои потешки книги или тегли и оставете да отстои 30 минути.

5.Откако ќе се стегне убаво исечете на форми по желба и обланда е готова. Постапката погледнете ја ОВДЕ.