Љубица Комлениќ случајно го запознала Новак Ѓоковиќ, но сега со години му готви специјалитети кои потсетуваат на традиционалната кујна.

Таа е готвачка која работи во Италија како Мишелинов координатор со готвачи кои имаат заработено Мишелинова ѕвезда, но Љубица е и некој кој се грижи за исхраната на Новак Ѓоковиќ.

Таа пред неколку години гостуваше во телевизијата К1 и вака зборуваше за Новак:

„Новак пред сѐ е пријател и сѐ што направив за него беше пријателски. Се запознавме во Италија. На јакната беа напишани моето име и презиме и таму ме препознаа неговите родители и тој.

Така се споивме. После два месеци почнавме да работиме заедно. Ноле е прекрасна личност“, вели Љубица, која додава дека имала 19 години кога отишла во Италија каде дипломирала на Гастрономскиот факултет, а патот до врвот започнал со миење садови во кујна.

„На 19 години отидов во Италија со еден куфер в рака и направив кариера.

Сега сум единствената жена во светот на кулинарски судии со максимална лиценца А категорија и судам репрезентации на светските натпреварувања каде има 200 Мишелин готвачи од една до три ѕвезди кои ги тренирам на кулинарски техники, за кои сум специјализирана.

Ова го велам, бидејќи готвиме веќе 12 години и со ултразвук, односно со техника која користи ултразвук“, раскажа Љубица во гостувањето на телевизија К1.

Иако е добро познато дека Новак го исфрлил глутенот од исхраната, Љубица вели дека тоа никој не треба тоа да го прави на своја рака и дека на оваа тема треба многу повеќе да се зборува.

Составот на храната и температурата на подготовка се најважните ставки, поради правилниот внес на протеини, сол и минерали.

„Не е здраво да јадете без глутен, ако немате проблем, бидејќи тестото без глутен содржи скроб и било каква подготовка без глутен, доколку некој не знае или не е образован, не се препорачува.

Ако го печеме месото на 200 степени за да се направи добра крцкава коричка и сето таа маснотија ја изгориме, тогаш се претвора во негативен холестерол и протеините исчезнуваат.

Рибата се однесува на ист начин. Меѓутоа, ако го свариме гравот на сто степени, не го загрозуваме протеинот во исхраната. И Новак го знае ова, па внесува повеќе протеини преку грав отколку со риба и месо.

Кога станува збор за исхраната на Новак, тоа е сосема океј, бидејќи тој внесува доволно протеини, сол, витамини, минерали, комплетни хранливи материи кои му се потребни и тоа на здрав начин“, вели Љубица.

Таа додава дека Ѓоковиќ јаде овошје, зеленчук, семки, јаткасти плодови и мешунки, како и киноа и ориз.

„Сѐ готвам почитувајќи ги намирниците, на пониски температури, за да ја зачувам хранливоста и бојата, а најважна состојка во сѐ што готвам е секако љубовта“, искрена е Љубица.

Иако најдобриот тенисер не јаде храна од животинско потекло, сепак ужива во традиционални јадења, но во веганска варијанта.

„Тоа се балкански специјалитети, како сарма со кисела зелка и ќебапи, но за Новак ги подготвуваме на вегански начин, тие не му се омилени јадења, но му се блиски, па понекогаш му ги подготвуваме за да го потсетиме на традиционалните вкусови“, изјавила во една прилика Комлениќ.

Јелена и Новак со задоволство зборуваат за исхраната која ја следат со години. Новак напиша и книга за тоа, додека Јелена јавно кажа дека токму оваа исхрана придонела за изострување на сетилата и поврзување на умот и телото.

А, еве како изгледа менито на Новак за еден ден:

Појадок: чаша млака вода по станувањето, две големи лажици мед манука, органска овесна каша без глутен со брусница, суво грозје, семки од сончоглед, бадеми.

Ужина: леб без глутен, крекери со авокадо и туна

Ручек: зелена салата, тестенини без глутен, (како додаток ориз, аспарагус, веганско сирење и домати)

Ужина: јаболко со путер од индиски орев, диња

Вечера: цезар салата со прелив, супа со зеленчук, филети од лосос, со пржени домати и маринада. Интервјуто погледнете го ОВДЕ.