УТРЕ ПОЧНУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: МЕНИ за следните 40 ДЕНА. Утре започнува постот кој трае 40 дена, до Божик, а во оваа прилика споделуваме 40 предлози за посни јадења…
Божиќниот пост значи воздржување од лоши дела и мисли, како и мрсна храна. Ставете го вашето тело на тест за подоцна да уживате во зајакнувањето на вашиот карактер. Целта на оваа „жртва“ е да станеме подобри, посилни и поуспешни.
За време на божиќниот пост, според благословот и упатството на вашиот отец, важно е да се грижите кои денови јадете „со масло“, а кои денови јадете „на вода“.
28 ноември: Првиот ден од постот е особено строг. Верниците можат да јадат храна зготвена на пареа или сурово овошје и зеленчук.
Добро би било на овој ден да зготвите посен грав на вода по овој рецепт, кој ќе ве засити и на тој начин ќе ви овозможи лесно да преминете на посна храна.
29 ноември, 30 ноевмри: во сабота го празнуваме Св. Матеј, па можете да подготвите богата гозба со салата од скуша и компир. Вкусни рецепти со риба можете да прочитате ОВДЕ.
1 декември, 2 декември: во понеделникот и вторникот се предвидени за храна на масло. Наш предлог за овој ден е да зготвите крем супа од зеленчук по овој рецепт.
3 декември: пост на вода на овој ден. Исчистете го телото така што ќе јадете свеж зеленчук или варени компири, а потоа измешајте ги со печени пиперки и посипете ги со свежи ароматични билки. Подгответе посен ѓувеч според овој рецепт.
4 декември: бидејќи го славиме Воведение на Пресвета Богородица на 4 декември, можете да подготвите богата гозба со салата од скуша и компир или некоја друга печена риба и вкусна посна салата. Подгответе крап по овој рецепт.
5 декември: ова е ден на воден пост. Ако можете, денес згответе слатка зелка во вода. Додајте кромид, морков, доматна паста и зачини. Кога сè ќе се прокрчка, додајте една лажица брашно за да се згусне.
6 декември, 7 декември, 8 декември: Во овие три дена е дозволен пост на масло и риба. Бидејќи го славиме Св. Климент Охридски на 8 декември, можете да подготвите богата гозба со разни посни салати и риба. Рецепти за посни салати можете да прочитате ОВДЕ.
9 декември: На овој ден можете да подготвите посна салата која вклучува свеж спанаќ, варен компир, свеж кромид, маслинки, маслиново масло и зачини. Посни ќофтиња подгответе според овој рецепт.
10 декември: Ова е ден на воден пост. Подгответе посни шпагети на вода. Сварете ги шпагетите и оставете ги настрана. Во длабока тава ставете малку сос од домати, па во неа исечкајте ги кромидот и лукот.
Кога кромидот ќе омекне, додајте го изренданиот морков, а потоа сокот од домати, ориганото, солта и бцрниот пипер. Кога сосот ќе проврие, додајте ги шпагетите.
11 декември: можете да јадете риба. Направете си салата од варени компири и туна, со малку кромид. Рецептот прочитајте го ОВДЕ.
12 декември: овој ден се пости на вода. Гответе грав во вода, со зачини, а можете да дополните со вкусна посна салата. Рецепти за јадења подготвени на вода можете да прочитате ОВДЕ.
13 декември, 14 декември: во недела се прославува Св.пр.Наум. Овие два дена можете да јадете риба. Направете си салата од варени компири и туна, со малку кромид.
Вториот ден можете да пржите пастрмка, додека блитвата можете да готвите како прилог. Втор предлог е ослич печен во кромид, а рецептот можете да го прочитате ОВДЕ.
15-17 декември: денови за храна подготвена во масло, но без риба. Во предвид доаѓаат сите видови чорби и салати, како и посни пити. Во среда за Св. Варвара подгответе некоја вкусна посна чорба. Деликатесни печурки во зеленчук и лук – ОВДЕ.
18-21 декември: на 19 декември го славиме Свети Никола. Рибата е дозволена, на скара, чадена или варена. Овие денови можете да јадете рибја чорба и салати со риба и разни рибини специјалитети. Рецепт за чорба од риба можете да прочитате ОВДЕ.
22 декември, 23 декември: Св.Ана и Св.Мина можете да ги прославите со вкусни салати и јадења подготвени со малку масло. Неколку рецепти можете да прочитате ОВДЕ.
24 декември: денеска постете на вода. Јадете варен компир, ориз со зеленчук сварен во вода. Рижото подготвено на манастирски начин прочитајте ОВДЕ.
25 декември: Св.Спиридон Чудотворец можете да го прославите со вкусна печена риба. Златен ослич подгответе по овој рецепт.
26 декември: На овој ден се јаде свеж зеленчук и многу овошје. Денот се пости на вода. Засладете се овој колач на вода.
27 декември, 28 декември: можете да јадете риба и морски плодови. Наш предлог е денес да си зготвите рибина супа.
29 декември, 30 декември: ден за јадења подготвени во масло. Овде можете да си направите и сарма од орев која ќе ве засити и нахрани. Овој рецепт за посна сарма е многу вкусен.
31 декември: Ден на воден пост. Јадете што е можно повеќе овошје и свеж зеленчук. Иако ова е ден за дочек на Новата година, можете да подготвите разни вкусни јадења и салати, како и сочни посни десерти на вода.
Подгответе и кифлички по овој рецепт. Богат избор на колачи подготвени без капка масло можете да најдете ОВДЕ.
1 јануари, 2 јануари: се јадат оброци готвени во масло.
3-5 јануари: во овие денови се јаде риба, а бидејќи на 5.јануари го прославуваме Св. Наум Охридски, можете да подготвите свечена и богата трпеза со печена риба и салата од компир. Рецептот за риба печена со зеленчук можете да го прочитате ОВДЕ.
6 јануари: е Бадник и Св.Евгенија, па можете да подготвите разни вкусни јадења подготвени на масло. Предлог за посни јадења прочитајте ОВДЕ.





































