Брз двобојен кокос колач на вода
Овој посен колач со кокос и какао се подготвува за миг, а резултатот е мек, сочен и неодоливо мирисен десерт кој се топи во уста.
Без јајца, млеко или путер, идеален за пост или за секојдневно уживање, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1 чаша (200 мл) газирана вода
– 1 чаша шеќер
– 10 г ванилин шеќер
– 1 чаша меко брашно
– 12 г прашок за печиво
– 1 чаша кокосово брашно
– 1 лажица какао
– малку газирана вода (по потреба за разредување)
– шеќер во прав (за посипување)
– НМД

Постапка:
1. Во сад измешајте ја газираната вода, шеќерот и ванилиниот шеќер со жица за матење додека шеќерот целосно се раствори.
2. Просејте го брашното со прашокот за печиво и додајте го во смесата заедно со кокосовото брашно. Промешајте додека да се добие хомогена смеса.
3. Поделете ја смесата на два еднакви дела.
4. Во еден дел додајте ја лажицата какао и малку газирана вода ако смесата е премногу густа. Исто така, ако и белиот дел ви се чини густ, додајте малку вода.
5. Обложете правоаголен калап (28 × 18 см) со хартија за печење.
6. Наизменично додавајте со лажица од белата и црната смеса во калапот, по ваша желба, за да се создаде шарен ефект.
7. Печете во загреана рерна на 200 °C околу 25 минути.
8. Оставете го колачот целосно да се излади, па исечете го на коцки.
9. Посипете со шеќер во прав пред послужување. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












