ПОСНИ ЈАДЕЊА НА ВОДА…без капка масло, а сепак толку вкусни што ќе си ги правите преку цела година…

паприкаш на вода

РЕЦЕПТ 1 – Компир паприкаш

Потребни состојки:
350 г кромид,
1200 г компир,
1 бабура пиперка (свежа или смрзната),
2 домати помали (свежи или смрзнати),
парче целер или магдонос,
1 морков, сол и црн пипер по вкус,
1 лажица црвен пипер во прав,
вода

ПОСТАПКА:

1.Комидот исечете го на кругови или лентички, исто така и морковот, целерот и пиперката, а доматот само ставете го во тепсијата во едно парче. Посолете и ставете да се пече на најсилна температура 20-тина минути.

2.Испечениот зеленчук изблендирајте го. Компирот исечете го на коцки, додајте го пирето од зеленчук, зачинете по вкус и прелијте го со топла вода. Гответе додека компирот да омекне.

РЕЦЕПТ 2 – ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ СО ПЧЕНИЦА

Потребни состојки:
8 пиперки
200 г печурки (буковки)
500 г печница (сварена и измелена/изблендирана)
3 чешниња лук
100 г домати
300 г праз
½ лажичка црвен пипер во прав
босилек/магдонос..

ПОСТАПКА:

1.Ситно исечкајте го празот и печурките, а доматот исечкајте го на коцки (или користите доматно пире).

2.Лукчето издинстајте го на малку вода со црвен пипер, па додајте ја претходно сварената и измелена пченица.

3.Додајте зачини по вкус, малку босилек па исчистените и испразнети пиерки од семки, полнете ги со приготвената смеса.

4.Наредете ги во плех за печење, прекријте со фолија и печете 30 минути на 180 степени.

РЕЦЕПТ 3 – БЕЛ ГРАВ

Потребни состојки:
500 г бел грав
250 г кромид (може и праз)
1 морков
1 сува пиперка
2 лажици брашно (може и пченкарно)
сол, црвен пипер

ПОСТАПКА:

1.Одвечер потопете го гравот во вода да преноќи.

2.Следниот ден процедете го, налејте друга вода и ставете на оган да проврие.

3.Повторно процедете го и налејте го со вода колку да биде прекриен.

4.Додајте сечкан кромид, рендан морков, сува пиперка и варете додека гравот добро да омекне.

5.Во малку вода разматете брашно, додајте малку црвен пипер, па сето тоа сипете го во гравот што врие, посолете по вкус и тргнете го јадењето од оган за да не загори.

РЕЦЕПТ 4 – ЧОРБА ОД ПРАЗ

Потребни состојки:
2 страка праз
1 главица кромид
300-400 г компир
сол, црн пипер, ловоров лист
½ лимон сол
1 лажица брашно

ПОСТАПКА:

1.Загрејте малку вода, додајте ситно сечкан праз, кромид и варете додека зеленчукот да омекне.

2.Додајте компир исечен на коцки, сол, црн пипер, ловоров лист, па сето прелијте го со еден литар вода. Гответе околу 45-50 минути поклопено на умерена температура.

3.Тргнете од оган, додајте една лажица брашно разматена во малку водичка и вратете да се довари уште 5 минути.

4.На крај зачинете со лимонов сок.

5.Доколку сакате да добиете крем чорба, смесата изматете ја во блендер или со рачен миксер.

РЕЦЕПТ 5 – КАЧАМАК СО КРОМИД НА ВОДА

Потребни состојки:
500 г пченкарно брашно,
2 главици кромид,
1 литар вода и
1 прстофат сол (или по вкус).

ПОСТАПКА:

1.Во литар вода со малку сол која врие полека додајте половина килограм пченкарно брашно. Додека го истурате брашното, постојано и енергично мешајте за да не се создадат грутчиња.

2.Брашното варете го околу 20 минути на тивок оган и со мешање, па исклучете ја ринглата и оставете на топлата рингла да се крчка уште околу половина час.

3.Кромидот исечкајте го и ставете го со малку водичка да се динста додека да омекне, па и него малку посолете го. Кога ќе го допрете со виљушката треба таа да пропаѓа во него.

4.Готовиот качамак ставете го во чинија, а преку качамакот истурете една лажица од приготвениот кромид.

РЕЦЕПТ 5 – КАЧАМАК СО СПАНАЌ

Потребни состојки:
2-3 китки зелје (околу 500 г),
вода,
сол по вкус,
4 полни супени лажици пченкарно брашнио

ПОСТАПКА:

1.Ова е многу стар рецепт кој се приготвува многу, многу едноставно. Се става вода да зоврие, се посолува, па се става зелјето.

2.Наместо зелје може да се користат сите оние сезонски билки како што се лобода, коприва, спанаќ, листови од липа..односно, сè што ви е при рака од сите тие јадливи растенија.

Се остава малку да врие водата за да го попари зелјето, па кога тоа ќе омекне се вади со решеткаста лажица врз даска и со голем нож ситно се сечка.

3.Се враќа назад во тенџерето и во истата вода се додава пченкарното брашно, четири преку врв полни супени лажици. Се меша и се готви на умерена температура додека смесата да се згусне, а потоа се излева во некој сад и се остава настрана да се подизлади.

РЕЦЕПТ 6 – ПОСНА ЧОРБА

Потребни состојки:
2 поголеми компири
50 г непечен сончоглед (мелен)
50 г сусам (мелен)
100 г соја трошки
2 главици кромид
200 мл мелени домати од тегла
5-6 печени,издробени пиперки од фрижидер (може и суви)
2 лажици таан
1 мало лажиче чили во прав
сол
Зачини:вегета, кари, црн пипер, ловоров лист, магдонос, целер, мајоран, оригано

ПОСТАПКА:

1.Сето одеднаш се става во тенџере, се налева со вода, се покрива со капак и се вари на ниска температура околу 1 час или додека се сварат компирите. / Фото и рецепт: Маја Митиќ

ПОСНИ МАНАСТИРСКИ РЕЦЕПТИ – НА ВОДА – ОВДЕ:

ПОСНИ МАНАСТИРСКИ РЕЦЕПТИ НА ВОДА: Сирење, качамак од зелје, сос