Што ќе донесе утрешната магична низа од 7-7 и зошто 7 јули 2022 година е посебен ден, објаснува јасновитката и астрологот Сузан Вагнер. Таа вели дека „броевите огледала“ се оние броеви кои се исти и се повторуваат во датуми, ознаки, симболи… и дека имат посебно значење.




Утре е 7 јули, датум во кој владее енергијата на двете седмици. Што ќе ни донесе низата од 7-7 и како да се искористи неговата моќ? Отсекогаш цифрата 7 претставувала исклучелна среќа, среќн број кој укажува на поволни околности.




Кога две седмици ќе се најдат заедно, тоа е симбол за пронаоѓање на некоја виша цел. Ова е ден кога можеме да биде cтраствени, динамични, аналитични и со поголем ентузијазам и енергија да им пристапуваме кон нештата и идеите.




Иако може да се појават некои cлабости и сомнежи, вашата cкептичнопст ќе иcчезне кога еднаш ќе сфатите прецизно во кој правец сакате да одите и да го насочите животниот пат, бидејќи тогаш енергијата сама ќе ве води.




Особено низата од броевите 7-7 е многу поволна на полето на љубовта. Романтичните души може да добијат нова храброст и поттик за да бидат поотворени и да ги искажат своите емоции кои досега ги потиснувале. Ова моѓже да ја промени љубовната состојба во која моментно се наоѓаат.




На овој ден тие ќе бидат водени преку срцето и ќе им биде покажан вистинскиот пат. Пораката на овој ден е да го почитувате она што срцето ќе ви го говори, а не умот. Треба да ги следите патиштата по кои срцето сака да ве однесе и да откриете што е она што треба да го менувате.




Потребно е да ги освестите работите во животот кои нужно мора да се променат за да можете да живеете подобро, посреќно, порадосно и поисполнето. Овие шанси ќе ви бидат понудени од силниот енергентски бран од низата 7-7.




Искористете ги и зачекорете во реалноста која е заслужува да биде исполнета, вон илузиите и мечтите. Бидејќи живееме во дуалистички свет, воспоставете рамнотежа за полесно да можете да ги согледате нештата и да предвидите од каде доаѓаат неволјите и на тој начин да ги одбегнете, советува Сузан.