Home Десерти ТИРАМИСУ ЗА 10 МИНУТИ…Без јајца, без маргарин, без вклучување на шпорет…Најбараниот летен...

ТИРАМИСУ ЗА 10 МИНУТИ…Без јајца, без маргарин, без вклучување на шпорет…Најбараниот летен десерт…Се топи во уста…

ТИРАМИСУ ЗА 10 МИНУТИ…Без јајца, без маргарин, без вклучување на шпорет…Најбараниот летен десерт…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл слатка павлака,
500 г маскарпоне,
100 г шеќер во прав,
1 кесичка ванилин шеќер,
неколку капки лимонов сок,
250 мл ладно кафе,
малку амарето ликер (околу 40 мл),
околу 60 пишкоти,
какао за наросување одозгора

ПОСТАПКА:

1.Во варено и изладено кафе додајте амарето ликер. Слатката павлака изматете ја и постепено додавајте шеќер во прав, ванилин шеќер, маскарпоне и неколку капки лимонов сок.

2.Пишкотите натопувајте ги во кафето со ликер и распоредете ги на дното од тепсијата (калап или долгнавеста подлога), а потоа премачкајте со крем, па повторно пишкоти, крем и така натаму…

Најдобро е пишкотите да ви бидат во два до три реда, кремот е доволен.

3.Завршете со крем и одозгора посипете какао. Оставете преку ноќ да се стегне во фрижидер а пишкотите убаво да омекнат.

Следниот ден сладете се во овој прекрасно освежителен колач кој има подолг ролг на траење, бидејќи не содржи јајца. / sibinka / Сооlinarika.соm. Ако го сакате вкусот на нутела, прочитајте го следниот рецепт:

НУТЕЛА ТИРАМИСУ БЕЗ ЈАЈЦА…Најкремастиот чоколаден десерт готов за 10 минути…