Некои луѓе се многу тешки и напорни. Колку и да се трудите, не можете да пронајдете заеднички јазик и да се спријателите. Со луѓето од овие хороскопски знаци е најтешко да се спријателите.
Водолија
Сигурно си мислите дека лесно би можеле да се спријателите со Водолиите, со оглед на тоа што тие ги прифаќаат другите луѓе и нивните мислења. Меѓутоа, тие имаат големи проблеми со емоциите, па затоа знаат да бидат многу напорни. Водолиите воопшто не сочувствуваат со другите луѓе, а очекуваат од нив да бидат свесни за нивната чувствителност. Тие нема да ви кажат што им пречи и зошто се вознемирени, но ќе очекуваат да ги разберете нивните чувства. Никогаш нема да знаете дали Водолиите ве обожаваат или не можат да ве поднесат.
Овен
Овните се забавни сѐ додека ги следите нивните правила и ги исполнувате нивните потреби. Тие не се грижат за туѓите мислења и многу ретко размислуваат за последиците од нивните постапки. Доколку не сакате конфликти и преземање ризици, најверојатно нема да се сложувате со Овните.
Тие имаат големи барања, но немаат ни грам трпение. Никогаш нема да признаат дека згрешиле, наместо тоа, ќе заминат на некоја авантура и воопшто нема да се потрудат да ја поправат грешката. Ако имате некаков проблем со овој хороскопски знак, никогаш нема да го натерате да разговарате, бидејќи тој сигурно ќе има попаметна работа.
Скорпија
Скорпиите се познати по тоа што секогаш го добиваат тоа што го сакаат и не дозволуваат никој да им застане на патот. Скорпиите знаат да бидат претерано доминантни. Кога ќе се налутат, можат да избувнат на најстрашните можни начини. Кога се љубоморни или полни со омраза, разумот сосема ги напушта.
Ако Скорпијата мисли дека сте ја излажале или изневериле, нема да има дискусија. Само ќе ве „отпише“ од нејзиниот живот и најверојатно ќе почне да крои планови за одмазда.
Близнаци
Близнаците делуваат многу шармантно и опуштено, но тешко е да се задржи нивното внимание. Тие се многу чувствителни и понекогаш премногу лично ги сфаќаат работите. Го мислат дека не ги почитувате или се чувствуваат повредени, почнуваат да глумат дека се рамнодушни. Близнаците кажуваат едно, а потоа прават нешто сосема друго. Со нив никогаш не можете да знаете на што сте.