Хунзите се бањаат во ладна вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а и со 65 години раѓаат деца.

Да се доживее 120-тата за нив е нормална работа. На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, одржан во 1977 година, експертите објавиле дека “Според податоците од геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни делови од светот), целосно отсуство на рак се јавува само кај народот Хунза.”

Состојбата кај овој народ и денес нималку не е променета. Хунзакути се стар народ сместен на самата граница со Пакистан и Индија во долината на реката Хунза која ја опкружуваат острите клисурни Хималаи.

Местото на нивното живеење е познато уште како “Оаза на младоста”, поради неверојатната долговечност, но и младоликост.

Хунзите се бањаат во ладна вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а и со 65 години сè уште раѓаат деца.

Летно време јадат сирово овошје и зеленчук, а во текот на зимата консумираат суви кајсии, изртени житарици и овчо сирење.

Постои период кога Хунзите не јадат апсолутно ништо. Тој период е познат како “гладна пролет” кога овошјето не е дозреано и трае 2-4 месеци, па Хунзите во тој период консумираат само сок од суви кајсии.

Протеини внесуваат многу малку, а дневно внесуваат во просек 1.933 калории, од кои 50 г протеини, 36 г масти и 365 г јаглени хидрати.

Од искуството на бројни странци кои дошле да живеат во долината на реката Хунза, заклучиле дека главниот фактор за долговечноста на овој народ – е здравата исхрана.

Едно кинеско списание во 1984 година беше опишан еден многу интересен настан. Еден од Хунзите по име Саид Абдул Мобуда, ги збунил сите работници од емигрантската служба на лондонскиот аеродром кога им го покажал својот пасош.

Имено, тој бил роден во 1832 година и имал 152 години. Се сметал за штитеник во земјата на Хунзите, а се сеќавал и на настаните уште од 1850 година.

Хунзите се исклучително витални и спретни, пешачат по 20 километри дневно и се качуваат по карпите без посебен напор.

СЕМКИ ОД КАЈСИЈА

Кајсиите се богати со калиум и натриум, витамин А, Б-17 и есенцијални масти и аминокиселини. Се смета дека токму овие семки можат да лекуваат рак.

СИРОВО ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ЖИТАРИЦИ

Овие намирници се дел од секојдневното мени, а од нив приготвуваат леб и пити. Но, термичката обработка трае многу кратко за да се сочуваат нутритивните вредности. Месо јадат многу ретко, речиси воопшто.

ЛЕБ ЧАПАТИ

Чапати е леб кој е неизоставен дел од исхраната на Хунзите. Го прават од брашно добиено од интегрално просо и хељда.

Лебот се приготвува од две шолји брашно житарици кое Хунзите го мелат со камења за да биде помеко. Брашното се меша со ¼ лажичка сол која претходно ја помешале со сув и мелен зеленчук (целер, морков…).

Во смесата се додава половина шолја глацијално млеко или вода збогатена со минерали. Во тестото не додаваат квасец, а масло само многу малку. Смесата ја делат на топчиња кои ги развлекуваат во облик на рамни палачинки кои потсетуваат на мексиканските тортиљи.

Некогаш жените ги печеле на камен, а денес во метални садови. Процесот е ист, бидејќи чапатите се печат кратко, само по неколку минути.