Тестот покажал дека сте негативни, а ги имате сите симптоми: пулмологот Татјана одговара дали да се лекувате

Тестот на коpона ви е негативен, а ги имате сите симптоми? Пулмолог одговара дали ви е потребно лекување или не.

Доктор Татјана Радосављевиќ го објаснува протоколот за лекување на пациентите кои имаат воспаление на бели дробови, слично на koвид, но оваа зараза не им е потврдена.

“Ако наликува на koвид, тогаш тоа е koвид, без разлика на ПЦР тестот”. Вака гласи лекарското правило кое се применува од почетокот на пандемијата со коpона вирусот.

Loading...

Значи ли тоа дека пациентот кој е негативен на коpона треба да се лекува со истите лекови како и koвид-позитивниот пациент, доколку ги има истите симптоми – за Објектив.рс одговори д-р Татјана Радосављевиќ, пулмолог.

Исто така, докторката објасни дали е потребно лекување на пациентите кои се позитивни на тестот, а немаат симптоми.

ТЕСТОТ НЕ Е ЕДИНСТВЕНО МЕРИЛО

Постојат многу причини поради кои ПЦР тестот на koвид може да биде негативен, иако пациентот е заразен со коpона, вели докторката.

“Може да се случи брисот технички да не е земен правилно, а поради тоа резултатот на тестот не е валиден. Освен тоа, се случува тестот да биде направен после подолг период, кога вирусот веќе доспеал во белите дробови. Поради тоа, тестот не може да се земе како единствено мерило”.

ПОБЕЛЕНИ ДРОБОВИ И КИСЛОРОД ВО КРВТА

Ако постојат симптоми и одговарачки показатели, пациентот ќе се третира како да има koвид и покрај негативниот тест, вели пулмологот Татјана Радосављевиќ.

“Koвидот може да се утврди и без тест врз основа на специфичните симптоми. Тоа се наодите од белите дробови, односно појава на т.н.”бела плуќа”, која ретко се случува кај обичниот грип. Падот на концентрацијата на кислородот и лабораториските анализи, исто така, може да покажат дека станува збор за koвид, додека антителата после петтиот ден се непогрешиви”.

АНТИБИОТИЦИ И СИСТЕМСКА ТЕРАПИЈА

Кога лекарот ќе ја утврди дијагнозата за koвид без тест, таквиот пациент се лекува со иста терапија која ја има во koвид протоколот.

“Која точно терапија ќе биде избрана, зависи од клиничката слика, тежината на симптомите, моментниот протокол и ставот на болницата. Тоа може да бидат антибиотици, но и некоја друга, системска терапија. Доколку струката така налага, се препишуваат и лекови кои покажале најдобри резултати кај слични случи”, објаснува докторката.

КОГА НЕМА СИМПТОМИ – KOВИД ТЕРАПИЈА НЕ Е ПОТРЕБНА

Кога пациентот со позитивен ПЦР тест нема никакви тегоби, ниту симптоми, важно е само да се следи неговата состојба, објаснува д-р Радосављевиќ.

“Главно лекарите препорачуваат одмор и јакнење на имунитетот, што е многу важно дури и кога нема симптоми. Важно е да се направат превентивни прегледи и анализи, бидејќи се случува сепак да постои проблем со белите дробови поради коpона, а кој бил асимптоматски. Доколку сè е во ред, не е потребна никаква медикаментна терапија”.

Loading...