Многумина го нарекуваат “чудотворен напиток”, бидејќи за многу кратко време откако ќе започнете да го применувате, вие започнувате да се чувствувате подобро и немате потреба со благо.

За кратко време ќе забележите дека вашата облека ви станала голема, а вагата ќе си го каже своето – дека сте ги стопиле вишокот килограми!

Секако, овој напиток ќе ви помогне во најкраток можен рок да се ослободите од масните наслаги, но тој не може да делува како магија доколку не се придржувате кон здрава рестрикциски диета и не сте барем минимално физички активно.

Мора и самите нешто да преземете и да започнете поздраво да се храните, бидејќи на тој начин ќе почувствувате најдобри резултати. Потребна е волја и упорност.

Благодарение на комбинацијата од внимателно одбрани состојки, ќе се чувствувате сито, а желбата за слатки и шеќер ќе биде сведена на минимум.

Циметот и ѓумбирот ќе го забрзаат метаболизмот, па благодарение на нивните моќни состојки, ќе започне и разградувањето на масните наслаги. Напитокот се пие пред секој оброк, а резултатите ќе ги забележите многу брзо.

Потребни состојки:

500 мл вода
1 лажица рендан ѓумбир
2 ловорови листови
½ лажичка ким
½ лажичка цимет

Постапка:

Сите состојки ставете ги во вода и заедно загревајте до зовривање. Потоа тргнете го тенџерето на страна и оставете го поклопено да излади. Може да приготвите и поголема количина одеднаш, а напитокот да го чувате во фрижидер. Пред консумирање загрејте го, за поголем ефект, но може да се пие и ладен.