СОЧЕН КУГЛОФ СО КАФЕ ЗА 15 МИНУТИ…Сите дадоа највисока оцена за овој рецепт…Едноставен колач со мерки на чаша…Подготовката е брза, а потоа треба да го испечете колачот и да го полиете со вкусниот прелив…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

4 јајца
1 чаша шеќер (200 г)
1 чаша вода (200 мл)
1/2 чаша масло (100 мл)
2 полни лажици пченкарен скроб
1,5 лажици какао
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
2,5 чаши сенаменско брашно
чоколадни капки (опционално)

За прелив:
1 лажица растворливо кафе
2 лажици шеќер
1/4 чаша топла вода (50 мл)
2,5 чаши млеко (500 мл)

ПОСТАПКА:

1.Во садот за матење скршете ги јајцата и сипете го шеќерот. изматете ги со миксер со најголема брзина 5 минути, додека смесата да згусне и осветли.

Додајте вода и масло и изматете со жица за матење уште 2 минути. Низ сито додајте просеани: скроб, ванила, прашок за печиво, какао и брашно.

2.Сите состојки мешајте ги рачно уште 3-4 минути, па додајте ги чоколадните капки и повторно промешајте.

3.Откако ќе го намачкате секој дел од калапот за куглоф со путер, посипете малку чоколадни капки во калапот, па истурете ја смесата за колачот.

4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 25 – 30 минути.

5.За преливот, во сад растворете 1 лажица кафе, шеќер и топла вода. Додајте 2,5 чаши млеко и измешајте. Оставете го колачот надвор од рерна да се излади.

6.Врз изладениот колач истурете го преливот од кафе. Оставете добро да се впие, па отстранете го од калапот со превртување врз чинија за сервирање. Постапката погледнете ја ОВДЕ.