Ова е еден стар рецепт од нашите мајки и баби кои можете да го правите секој ден. Сите потребни состојки ги имате во кујна, а не ви е потребен ниту миксер, ниту вага за мерење, туку една иста чаша со која ќе ги мерите состојките.




Смесата многу брзо ќе ја измешате додека се загрева рерната, а потоа смао ќе ви преостане да ја излеете во плех со средна величина (25х35 см) и да ја испечете. Послужете ја со шолја чај или кафе.




Јас ги обожавам ваквите колачи, зашто во овој рецепт нема многу за размислување и нема шанси а да не ви успее. Не готвите жолчки на пареа, ниту матите долго време, немате грижи околу тоа дали филот доволно згуснал или тестото дали добро сте го изматиле.




Кога ќе ми се пријаде нешто вкусно и благичко, а треба да правам некој комплициран рецепт, желбата веднаш ми поминува, зашто поскоро би отишла до слаткарница отколку во кујна. Но, откако го знам овој рецепт, сè се спрема за 5 минути и се пече за 25 минути, па тоа ми е побрзо отколку да излегувам од дома.




Севкупно за овој колач ќе потрошите половина час и добивате прекрасен колач кој можете веднаш да го послужите. Пробајте го ако досега не сте го испробале и нема да се покаете. Запишете си го рецептот на Валентина, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 1 чаша брашно, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша џем по ваш избор, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)




ПОСТАПКА: Рерната веднаш вклучете ја да се загрева на 200 степени, зашто толку е потребно додека да ги измешате состојките. Плехот со величина 25х35 см намастете го малку и обложете го со хартија за печење. Во подлабок сад скршете три јајца и малку изматете ги со кујнска жица-маталка.




Додајте една чаша шеќер, но не ја преполнувате многу, нека има 1-1.5 см простор до врвот. Измешајте па додајте иста количина гриз, млеко (или вода) и масло, па повторно изедначете.

Додајте една чаша брашно и прашок за печиво, малку цимет или зачин за медени колачи, и мешајте со маталката додека целосно да се соединат состојките во хомогена смеса.




На крај додајате една чаша крупно мелени ореви и една чаша џем. Изедначената смеса излејте ја во подготвениот плех, малку протресете и ставете да се пече во загреаната рерна, 25 минути. Кога ќе се олади посипете го шеќер во прав или чоколадна глазура или пак, премачкјате го со џем и наросете м елени ореви. Деталите погледнете ги ОВДЕ.