Овој колач со вишни е многу брз и лесен за подготовка, а се приготвува од состојки кои сите ги имаме во кујната. Главни состојки покрај вишните се гризот и јогуртот, а со тоа ви се гарантира дека колачот ќе биде мек и сочен.

Рецептот е идеален во време кога имаме свежи вишни, но можете да го приготвувате во било кој период од годината со компот од вишни или смрзнати па одмрзнати. А освен вишни можете да го приготвувате со јагоди или некое друго бобесто овошје по ваш вкус.

Потребни состојки: 5 јајца, 120 г шеќер, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 200 г брашно, 150 г гриз, 1/2 кесичка прашок за печиво, 500 г исчистени вишни без семки и по желба шеќер во прав за наросување одозгора.

Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег кој не паѓа од лажицата
Оставете го садот во фрижидер додека ги матите жолчките

Постапка: јајцата оставете ги на собна температура, а потоа одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег кој не паѓа од лажицата. Оставете го садот во фрижидер додека ги матите жолчките.

Во посебен сад ставете ги жолчките
додајте го шеќерот
пенасто изматете ги со миксер додека тој да се растопи
Во кремот од жолчки додајте масло и јогурт, па уште малку изматите
Во брашното додајте го прашокот за печиво и промешајте за да се распореди

Во посебен сад ставете ги жолчките, додајте го шеќерот и пенасто изматете ги со миксер додека тој да се растопи. Во кремот од жолчки додајте масло и јогурт, па уште малку изматите. Во брашното додајте го прашокот за печиво и промешајте за да се распореди.

Брашното додајте го во кремот од жолчки
додајте го и гризот
Изматете со миксерот додека да добиете изедначена, хомогена смеса
Во кремот од жолчки додајте го снегот од белки
полека со жица или шпатула промешајте.

Брашното додајте го во кремот од жолчки, а потоа и гризот. Изматете со миксерот додека да добиете изедначена, хомогена смеса. Потоа миксерот повеќе не ви е потребен. Во кремот од жолчки додајте го снегот од белки и полека со жица или шпатула промешајте.

Плех со димензии 30х20 см намастете и наросете со брашно, а вишокот истресете го. Потоа излејте ја смесата во плехот
израмнете

Смесата потребно е да остане воздушеста и кремозна, па затоа полека мешајте со превртување. Во спротивно, вишните ќе ви пропаѓаат на дното. Плех со димензии 30х20 см намастете и наросете со брашно, а вишокот истресете го. Потоа излејте ја смесата во плехот и израмнете.

Вишните исчистете ги од семки ако се свежи, а ако користите од компот, само процедете ги. Може да користите и смрзнати, а во тој случај колачот ќе биде посочен. Малку наросете ги со брашно
рамномерно распоредете ги
со врвот од нож може малку да ги подбутнете во тестото, но нема потреба

Вишните исчистете ги од семки ако се свежи, а ако користите од компот, само процедете ги. Може да користите и смрзнати, а во тој случај колачот ќе биде посочен. Малку наросете ги со брашно пред да ги нанесете врз тестото, а потоа рамномерно распоредете ги.

Рерната загрејте ја на 200 степени, а кога ќе го ставите колачот да се пече, намалете на 180 степени. Печете околу половина час
Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да излади

Рерната загрејте ја на 200 степени, а кога ќе го ставите колачот да се пече, намалете на 180 степени. Печете околу половина час, а дека е готов, ќе забележите кога колачот ќе започне да се одвојува од ѕидовите на плехот. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да излади.

Потоа можете да го исечете на парчиња со големина по ваша желба и да го наросите со шеќер во прав
послужете со чај или кафе

Потоа можете да го исечете на парчиња со големина по ваша желба и да го наросите со шеќер во прав. Колачот е многу вкусен и освежителен, може да го послужите со кафе, чај или сладолед. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот