Оваа брза кекс торта со ореви е целата кремаста, лесна и вкусна. Едноставно се приготвува само од неколку состојки. Филот е кремаст со богат вкус на ореви, а за негова подготовка потребни ви се само 5 минути. Уште ќе ви бидат потребни 80 бисквити.

Потоа ви преостанува само да редете: најпрво ги редите бисквитите, по 20 бисквити за еден ред, а филот го делите на четири еднакви делови. После секој ред бисквити мачкате слој од четвртина фил…ред бисквити, ред фил…Рецепт и видео презентација на “Неодоливи вкусови” – Брза кекс торта со ореви.

Потребни состојки: 250 мл зовриена вода, 300 г мелени ореви, 250 г несолен путер, омекнат на собна температура, 220 г шеќер во прав, 250 мл млеко, 2-3 лажици рум (наместо рум може и сок од портокал или 1 лажица екстракт од рум), 580 г петит кекси, ореви за наросување, половина мелени, половина сечкани

зовријте 250 мл вода и во неа додајте 300 г мелени ореви
мешајте една минута додека да се соедини смесата, па тргнете го садот од оган и оставете го на страна целосно да излади.

Постапка: оревите попарете ги со 250 мл зовриена вода, мешајте една минута додека да се соедини смесата, па тргнете го садот од оган и оставете го на страна целосно да излади.

пенасто изматете 250 г путер/маргарин претходно омекнат на собна температура
додајте 220 г шеќер во прав
продолжете со матење додека да добиете кремозна структура

Во меѓувреме пенасто изматете го путерот (или маргарин). Додајте шеќер во прав и продолжете со матење додека да добиете кремаста структура.

Во изматениот путер додајте ги целосно изладените ореви
продолжете да матите со миксерот додека убаво да се соединат
треба да добиете фин и мазен крем

Во изматениот путер додајте ги целосно изладените ореви и продолжете да матите со миксерот додека убаво да се соединат. Филот поделете го на четири еднакви делови. Во млекото додајте 2-3 лажици рум и промешајте. Наместо млеко, за овошен вкус, може да користите сок од портокали.

во млекото додајте 2-3 лажици рум и промешајте

Бисквитите потопувајте ги во млеко со рум (или со сок од портокал) и редете ги во правоаголен калап, во 4 реда по 5 бисквити (20 бисквити во еден ред).

наредете 20 бисквити во еден ред претходно кратко натопувани во млекото. Одозгора рамномерно распоредете четвртина од филот и израмнете
наредете втор ред бисквити
премачкајте со втортата четвртина од филот
наредете трет ред бисквити и рамномерно распоредете ја третата четвртина од филот
на ист начин постапете и со четвртиот ред бисквити и последната четвртина фил
остатокот од филот нанесете го на страните и израмнете
одозгора наросете мелени/сечкани ореви
тортата оставете ја во фрижидер убаво да излади

Преку секој ред нанесете ¼ фил. Најгоре и странично наросете мелени и сечкани ореви. Пред сечење и послужување тортата треба да отстои во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

послужете и уживајте во вкусот