Дивото нане е повеќегодишна билка со впечатлива арома која има големи лековити својства за организмот. Се користи за зачинување на разни јадења како што се супи, чорби, разни јадења со месо, благо и друго.
Неговата силна арома го отежнува комбинирањето со други зачини, со оглед на тоа што постои можност да ги потиснете и да не го почувствувате нивниот вкус. Дивото нане се користи во свежа и сува форма.
За сушење, се бере на почетокот за време на цветањето, во текот на јули-август. Ова треба да се направи кога времето е мирно и сончево, наутро, откако влагата ќе се зголеми. Може да се бере и во доцна есен.
Постојат неколку начини да се суши дивото нане. Еден од нив е да се исушат само лисјата на растението. За да го направите ова, откако ќе ги исе-чете листовите од стеблата, внимателно отсечете ги сите лисја.
Тие се сушат на темно место или во рерна до 30 степени. Добро исушените лисја се темно зелени горе и малку посветли подолу. Тие се карактеризираат со пријатна арома и остар и освежителен вкус.
Друга варијанта на сушење сушење на цели стебленца. Исе-чените растенија треба добро да се измијат и потоа да се исушат на крпа. Се врзуваат во мали снопови со конец и се врзуваат на некое место каде што има провев. Откога ќе се исушат, се чуваат во стаклени тегли или пластични кутии, сместени на суво место.
Сувите лисја од диво нане, како и свежите се користат како зачин за јадења или салати. Тие даваат освежителен вкус и пријатна арома пред се поради есенцијалното масло содржано во нив.
Покрај квалитетот на вкусот, дивота нане има многу придобивки за организмот. Го намалува формирањето гасови во цревата, помага во ослободување на гастроинтестинални сокови и го подобрува апетитот, а има и антиинфламаторни и антибактериски својства. Малку е познат факт дека дивото нане успешно го „чува” свежото млеко да не закисели.
Сируп од нане – нане е нешто што едноставно мора да го подготвите за себе, толку е добро, освежувачки и здраво. Би било погрешно да не спомнувам дека моите деца „се нав-лекоа“ на овој сируп и го испија во рекордно време.
Потребни состојки: 80 г свежо нане, 750 г шеќер, 750 мл вода, 10 г лимонтус или 1 ќесичка. ЗАБЕЛЕШКА: Ова е сируп кој последователно се разредува со вода. Нема премногу шеќер, но ако мислите дека има, намалете го по ваша желба.
Подготовка: Ставете стебленца нане со лисја во стаклена тегла и прелијте ги со вода. Покријте ја теглата и оставете да отстои во фрижидер 48 часа. Потоа исцедете ја водата во соодветен сад.
СОВЕТ: Искористените влажни билки ставете ги на хартија за печење, па на суво место неколку дена додека да се исушат убаво. Потоа складирајте ги во хартиена ќеса и искористете ги за да направите чај.
Во исцедената вода додајте шеќер и лимунтус и мешајте додека да се раствори целиот шеќер. Ќе добиете жолтеникав сируп. Истурете го добиениот сируп во соодветни шишиња и чувајте го на ладно место додека да го сервирате.
ЗАБЕЛЕШКА: Од оваа количина состојки ќе добиете приближно 1 литар сируп. Прелијте го сирупот во бокал или директно во чаши, ставете вода за да го разредите и додајте неколку парчиња лимон и коцки мраз. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска