Одењето е наједноставната физичка активност, но благодетите од одењето чесно знаеме да ги потцениме. Ако изодете секој ден само 800 метри повеќе, во вашето тело ќе се случат значајни промени кои се одлични за здравјето.
За да успеете успешно да ја контролирате телесната тежина и да го одржувате здравјето, дневно би требало да изодете околу 10.000 чекори. Можеби ви се чини дека тоа е многу, особено ако имате канцелариска работа или ако многу време поминувате во автомобил. Но сепак, за се’ постои решение!
Имено, експертите истакнуваат дека и со само 1.000 чекори повеќе дневно е доволно на вашето тело да му се случат значајни промени. Илјада чекори изнесуваат околу 800 метри, бројка што секој би го задоволила, важно е тие 800 метри да ги изодите секој ден и резултатите нема да изостанат.
Некои од полесните начини како да одите повеќе се да го паркирате автомобилот на најодалеченото место од работа, да пешачите додека разговарате на мобилен телефон, да отидете до колегата наместо да му испраќате мејл.
Дознајте кои се тие 5 промени кои се случуваат во телото ако секојдневно изодувате 800 метри повеќе, односно направите 1000 чекори повеќе од вообичаено:
1.Срцето помалку ќе ви се напрега
И најмалата промена од седентален начин на живеење и бавење со наједноставната физичка активност како што е одењето, значително го подобрува здравјето и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Движењето им овозможува на мускулите посилно да ја „пумпаат“ крвта низ телото, со што се намалува фрекфенцијата на срцевата работа, па тоа работи со понормален ритам.
2.Се намалува ризикот од мозочен удар
Зголемувањето на физичката активност директно го намалува ризикот од мозочен удар, а помага и во контролирање на крвниот притисок, што дополнително го намалува ризикот од мозочен удар. Значи, двојна добивка!
3.Полесно се слабее и се подобрува нивото на холестерол
Со одење можеби нема брзо да ослабете, но после некое време ќе ги забележите резултатите. Првите резултати можете да ги видите после 10 седмици (па дури и ако сте ги задржале нездравите навики, односно ако во животните навики сте го промениле количеството на одење). Доколку имате високо ниво на лош холестерол, 1.000 чекори повеќе дневно се доволни да се промени оваа состојба. Повеќе движење поттикнува согорување на холестерол и други липиди во крвотокот кои инаку ги оштетуваат крвните садови.
4.Стресот ќе се намали
Кратка, брза прошетка можеби е најдобриот начин за да ја разбистрите главата и да се ослободите од стресот. Имено, додека се шетате, телото произведува хемикалии ендорфини кои се одговорни за добро расположение и истовремено го намалуваат нивото на кортизол, хормон на стресот поради кој може да се чувствувате лошо и поради кој се зголемува ризикот од мноштво ментални и физички здравствени проблеми.
5.Коските ќе ви зајакнат
Било каква активност во која коските се под притисок на тежината на телото, придонесува за нивно зајакнување и намалување на ризикот од остеопороза. Таквиот притисок исто така, придонесува за создавање на нови клетки во коските.