За најдобар резултат, нека овој качамак ви биде замена за леб барем 10 дена до две седмици.

Домашниот пченкарен качамак е фантастична храна за здравје и чистење на цревата. Ако се приготви на правилен начин, со редовна консумација ќе ви исчистат темелно цревата и ќе ви се регулира столицата.

Наместо палента, купете интегрално пченкарно брашно, најдобро мелено на воденица. И најдобро е тоа да биде сорта на пченка која нема висок гликемиски индекс. Покрај тоа ќе ви бидат потребни 100 г сирови семки од тиква, ленено семе интегрален сусам. Измешајте ги семките и чувајте ги во тегла.

За овој посебен качамак ќе ви бидат потребни и ’ркулци од спелта, малку сол и малку вода.

Посолена вода ставете да зоврие, а за тоа време во чинија помешајте 4-6 лажици пченкарно брашно и една полна лажица ’ркулци од спелта. Додадете малку ладна вода и промешајте така да добиете мазна смеса, да нема грутчиња од брашното.

Кога водата е зовриена, додадете разматено брашно во водата и мешајте. Така ќе добиете палента без грутчиња. Намалете го огнот и оставете уште малку да се готви со постоено мешање.

Пред крај додадете 2 лажици – мешавина од семки, помешајте и додадете по потреба и уште малку пченкарно брашно ако е потребно качамакот да добие на густина.

Варениот качамак оставете малку да излади. Ако имате проблем со шеќер во крвта или сте дебели, качамакот јадете го кога целосно ќе излади бидејќи тогаш скробот ќе се претвори во резистентен и нема да го повишува инсулинот во крвта. Можете да го јадете и кога е топол, но одбегнувајте да го консумирате кога е жежок.

Покрај пченкарниот качамак како додаток одлично оди павлака, јогурт, домашна паштета, ајвар, кајгана, сите варива.

За регулирање на столицата и чистење на цревата, овој качамак нека ви биде замена за леб, барем 10 дена до две седмици. Ќе се изненадите со неговиот одличен ефект!