Шехерзада торта – кремаста и вкусна, а за правење потребни се 20 МИНУТИ…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 пакувања турски бисквити (со какао)
4 кесички пудинг од карамела (4х40 г)
1 маргарин (250 г)
10 лажици шеќер
500 г шлаг
2 литри млеко

ПОСТАПКА:

Во 1 литар млеко згответе 4 кесички пудинг од карамела со 10 лажици шеќер. Почекајте додека да се излади целосно.

Кога ќе се излади, пенасто се мати маргаринот претходно омекнат на иста собна температура, па се соединува со оладениот пудинг.

Убаво се мати со миксер да се добие убава кремаста маса. Изматете го шлагот со 1 литар млеко. Потребни ви се 500 г шлаг.

Подгответе ги бисквитите. Овде во продавницата го нарекуваат турски бисквит, а тоа е всушност petit beurre полнет со чоколадо. Многу е тенок, па не треба да го натопувате со ништо, ќе ја впие влагата од филот.

Наредете ги бисквитите во поголем плех. Врз бисквитите намачкајте го филот со карамел. Врз филот намачкајте шлаг.

После тоа повторно ставете ред бисквити, па повторно намачкајте го филот, па шлагот и така додека да го потрошите материјалот. Во мојот случај имаше 4 реда бисквити.

На последниот ред ставете фил, а одозгора шлагот со кој ќа ја премачкате целата торта и декорирајте по желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.