Ова е еден стар подзаборавен рецепт кој многу одамна го правеа нашите мајки. Се довива многу вкусен колач кој не се пече и за кој не треба да валкате многу садови, зошто сè се приготвува во еден сад. Едноставен е, на сите им успева од првпат. Ќе ви претставиме два рецепти, па одберете кој повеќе ви се допаѓа.




Потребни состојки: 1 литар млеко, 3 кесички пудинг со вкус на чоколадо, 5 лажици шеќер или по вкус, 250 г путер или маргарин, 300 г кекси, банани, 250 г чоколадо за готвење, 250 мл слатка павлака за шлаг и плех со димензии 34х23 см (или приближно)




ПОСТАПКА: Млекото истурете го во тенџере, додајте шеќер и пудинг. Добро соединете, па ставете на оган да се зготви. Варете со непрекинато мешање додека да згусне. Во врелиот пудинг додајте путер и мешајте додека да се растопи.




Потоа додајте искршени кекси, па промешајте. Оставете да подизлади околу 5 минути. Во тепсија или калап за торти ставете хартија за печење, па истурете половина од смесата и израмнете.




Преку смесата наредете банани пресечени надолжно на половина, а преку нив истурете ја втората половина од смесата и израмнете. Изладете прво на собна темпеартура, па ставете во фрижидер да се стегне.




Чоколадото растопете го на пареа, па додајте слатка павлака. Соединете и прелијте преку колачот. Оставете го колачот во фрижидер преку цела ноќ. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. Прочитајте го и следниот колач кој се приготвува за 10 минути:




Едноставен колач со кекси и пудинг за 10 минути без печење. Ова е нешто лесно, толку едноставно (особено за дамите кои немаат многу искуство во приготвување на комплицирани колачи, ниту време), а толку чоколадно и кремасто…- Гордана.




Потребни состојки: 1,5 литар млеко, 100 г чоколадо за готвење, 4 пудинг со вкус на чоколадо, 8 лажици шеќер, 300 г петит кекси, 2 ванилин шеќер




Постапка: Во 300 мл млеко додајте го прашокот од пудинзите и промешајте за да се изедначи и да нема грутчиња, а остатокот (1,2 л) ставете го на оган заедно со шеќерот и ванилата. Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и мешајте додека да се свари згусне.




Во сварениот пудинг додека сè уште е топол додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во пудингот. Во посебен сад искршете ги кексите и прелијте ги со сварениот (топол) пудинг. Добро промешајте да се изедначи.




Смесата излејте ја во калап или плех претходно обложен со проѕирна или алу-фолија и оставете да се олади, најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Добро изладениот колач превртете го врз чинија за сервирање и украсете го по желба со чоколадо или шлаг, но не мора. / Coolinarika.com