SАSИКИ (зазики) ТУНА ПОСНА САЛАТА…Толку вкусна што ќе ја подготвам за претстојната слава за Свети Никола…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 конзерва туна во парче
100 г посен мајонез
200 мл посен јогурт од соја
1/2 свежа краставица
1 главица црвен кромид
1/2 лажичка сол или по вкус
150 г тестенини сварени „ал-денте“
1 прстофат бел лук во прав
1/3 лажичка сува мирудија/копар
3 лажици сок од тегла со кисели краставички или лимонов сок/оцет

ПОСТАПКА:

Макароните варете ги во солена вода 8 минути. Процедете ги од водата и оставете ги настрана да се оладат со повремено промешување да не се залепат. Краставицата исечете ја на коцкички, а потоа и кромидот.

Измешајте го зеленчукот со оладнеите макарони, туната исцедена и истнета со виљушка, јогуртот и мајонезот. Зачинете со сол, сок од краставички, лук во прав и копар.

Добро промешајте и декорирајте со краставица и копар. Салатата е многу освежителна и одлично се комбинира со другите посни јадења. Постапката погледнете ја ОВДЕ: