Многу е слична на руската салата, а со оризот се добива на количина, многу е вкусна и освежителна.

Потребни состојки:

1 шолја ориз

2 моркови

1 шолја грашок

1 помал пашканат

2 варени јајца

200 мл мајонез

2 лажици павлака

½ лажичка сол

3 кисели краставички или по желба

Постапка:

Оризот ставете го во еден сад, налејте го со вода и ставете на оган да се вари 15-тина минути. Тргнете од оган, долејте врела вода и оставете да отстои.

Во друг сад ставете морков, пашканат и грашок да се варат. Процедете и изладете. Можете истовремено да ги готвите оризот и зеленчукот.

Јајцата излупете ги. Измиениот и процеден ориз ставете го еден поголем сад, додадете го исцедениот зеленчук, ренданите јајца, исечканите краставички, па додадете сол, мајонез и павлака, па сето добро промешајте го.

Салатата е готова а одговара да ја сервирате со било кој вид печено месо.