Салата од млади тиквички со превкусен дресинг – со години ја правам, омилена ни е

Веќе повеќе години ја правам оваа салата од тиквички. Тиквичките се многу здрави за јадење, а ова е еден од највкусните начини за нивно почесто консумирање.

Рецептот е многу едноставен, но салатата е превкусна, па затоа го споделувам со вас.

Потребни состојки:

Loading...

2 млади тиквички
маслиново масло
2 чешниња лук
малку свеж магдонос
соја сос
балсамико оцет

Постапка:

1.Одберете помлади тиквички за да не мора да се лупат. Убаво измијте ги па исечете ги на кругови со средна дебелина. Многу малку посолете ги (1-2 прстофати), бидејќи соја сосот е солен, па испечете ги тиквичките во нелеплива тава со многу малку масло (со четка само премачкајте ја површината).

2.Подгответе го дресингот за салатата: Излупете го и ситно исечкајте го лукот, а исто така и свежиот магдонос (1/2-1 китка, по вкус). Количините можете да ги зголемите или намалите во зависност од вашиот вкус. Додадете маслиново масло, соја сос и балсамико оцет, па промешајте и оставете малку да се соединат.

3.Во еден сад редете: еден ред дресинг, па еден ред тиквички и повторувајте ја постапката додека да ви се потрошат состојките.

4.Салатата може да се јаде топла или ладна, секако е превкусна и може да се послужи со било кое јадење.

Coolinarika.com

Loading...