Ах, колку е добро ова, ви го откривам рецептот за најдобрата пикантна кафеанска лутеница. Ова е основниот рецепт, а според потребите соодветно зголемете ги состојките. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг пиперки, 1 кг домати, 50 мл оцет 9%, 150 мл масло, 100 г шеќер, прстофат црн пипер, 200-300 г лута пиперка, сол по вкус, 4 чешниња лук. По желба 1/2 кесичка од 5 г конзерванс, или направете пастеризација.

ПОСТАПКА: Попарете ги доматите со врела вода (претходно можете да ги засечете на задниот дел „+“ и веднаш потоа кратко да ги потопите во ледена вода), излупете ги и исечете ги на коцки. Сипете го маслото во тенџере и додајте ги доматите.

Додајте шеќер и оцет и варете со повремено промешување додека да испари течноста. Испечете ги пиперките (слатките и лупите), и исечкајте ја, па кога ќе зовријат доматите додајте ги пиперките и гответе додека течноста да зоврие.

Додајте околу 2 лажици сол, кон крајот лукчето и сечкан целер и малку сол и црн пипер по вкус. По желба додајте конзерванс или сипете ја лутеницата топла, брзо затворете цврсто и свртете ги теглите да останат до следниот ден за да се вакуумираат.

Наредете ги на полиците со остатокот од зимницата. Има фантастичен вкус, доста пикантен. Па, кој сака нека повели! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „ОВАА ЛУТЕНИЦА ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ ДРУГИ РЕЦЕПТИ: Уште првиот ден се изедоа неколку тегли“ – ОВДЕ.

ОВАА ЛУТЕНИЦА ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ ДРУГИ РЕЦЕПТИ: Уште првиот ден се изедоа неколку тегли