ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА: Ова е најкремастиот колач што некогаш сум го пробала, а се прави од обични состојки. За Аурора ова е најсочниот колач што некогаш го пробала. Брз, едноставен и со толку убав вкус.

Колачот со јаболка приготвен на овој начин ќе ве воодушеви. Со многу малку состојки, ќе добиете голем колач за целото семејство. Пробајте и ќе се уверите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за првиот дел: 2 жолчки, 150 г шеќер, 150 мл масло, 3 лажици џем по избор (јас користев џем од кајсии), 2 лажици какао во прав, 300 мл млеко, 1 кесичка (9 г) ванилин шеќер, 200 г брашно, 1 кесичка (14 г) прашок за печиво. Калапот за печење (23х33 см) премачкајте го со путер. Првиот дел се пече на 200°C (390°F) 15 минути

За вториот дел од колачот: 4 јаболка, половина лимон, 150 г шеќер, 2 белки. Вториот дел распоредете го врз првиот дел од колачот и вратете го во рерна и печете уште 30 минути. За ганашот: 150 г чоколадо, 150 мл слатка павлака

ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете две жолчки со шеќер додека тој да се растопи и да се добие кремаста, светла смеса. Додајте го маслото, џемот, какаото во прав, млекото и ванилин шеќерот.

Брашното додавајте го постепено додека матите со миксер и не заборавајте да го додадете и прашокот за печиво. Изедначете добро додека добиете мазна смеса без грутчиња. Сипете ја во подготвен плех (намастен и набрашнет) и печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

За вториот дел: излупете ги и изрендајте ги јаболката. Сипете сок од половина лимон и оставете настрана. Белките изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Додајте ги ренданите јаболка и промешајте.

Распоредете врз потпечениот пандишпан, израмнете и вратете да се допече уште 30 минути. Кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот, значи дека се испекол. Оставете го да се олади, па прелијте го со ганашот.

За ганаш: загрејте ја слатката павлака но внимавајте да не ви зоврие. Прелијте го чоколадото искршено на коцки, па мешајте додека тоа да се растопи и изедначи. Оставете малку да се стегне, па послужете.

Колачот ќе биде уште поубав следниот ден откако убаво ќе отстои. Многу е вкусен, кремаст и сочен и никој не може да погоди дека сочноста ја добива од јаболката. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КОЛАЧ КОЈ Е ТОЛКУ ЕДНОСТАВЕН, А СО ТОЛКУ ДОБАР ВКУС: Просто да не ви се верува дека ништо посебно не се става во него“ – ОВДЕ.

КОЛАЧ КОЈ Е ТОЛКУ ЕДНОСТАВЕН, А СО ТОЛКУ ДОБАР ВКУС: Просто да не ви се верува дека ништо посебно не се става во него