Денес за вас драги читатели подготвивме еден брз и еден класичен македонски рецепт за подготовка на омилената зимница – лутеницата. Некои толку многу ја сакаат, а бидејќи не можат да јадат луто, истата ја прават без лути пиперки, па си ја нарекуваат „Благица“.




РЕЦЕПТ 1 – БРЗА ЛУТЕНИЦА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг домати, 1 кг црвени пиперки ајварки, 250 г зелени пиперки, 2 главици лук, свеж магдонос, 1 супена лажица сол, 1 чаша (200 мл масло), 1 чаша (200 мл) бел оцет 9%.




ПОСТАПКА: Целиот зеленчук измијте го убаво и исцедете го од водата. Доматите исечете ги на парчиња, отстранете им ги тврдите делови, па солемете ги во блендер. Ставете големо тенџере на шпорет, а во него истурете оцет и масло. Доведете до вриење.




Штом смесата зоврие, додајте ги доматите и гответе ги на умерена температура околу 35-40 минути или повеќе, во зависност од густината на сосот. Во меѓувреме исечкајте ги пиперките, па и нив сомелете ги. Додајте го и исчистениот лук. Целиот зеленчук додајте го во доматниот сос.




Додајте сол и гответе уште 15-тина минути, а пред крај додајте го и ситно сечканиот магдонос (околу една китка или по вкус). Смесата складирајте ја во стерилизирани топли тегли и веднаш затворајте ги. Превртете ги со капаците надолу за да се вакумираат. Оставете ги да се изладат покриени со ќебе.




РЕЦЕПТ 2 – ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛУТЕНИЦА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 40 кг црвени пиперки ајварки, 15 кг домати, 2,5 литар масло, 1 кг шеќер, 1 литар вински оцет, 2 китки свеж магдонос, 5 главици лук, сол по вкус, 500 г феферони (лути пиперки)




ПОСТАПКА:Пиперките измијте ги и испечете ги убаво од сите страни, па ставајте ги во кеса за подоцна поубаво да се излупат.

Потоа излупете ги и исчистете ги од семето и дршките, па ставајте ги во голема цедалка да се цедат преку цела ноќ, исто како за ајвар.




Вториот ден на даска исечете ги пиперките прво по должина, па потопа контра, така да добиете коцкички.




Доматите претходно треба да се излупат и исечкаат на коцки, па ставете го во длабоко и големо тенџере да се испржи додека да испари течноста и да згусне. Потоа додајте шеќер и еден литар масло, па продолжете со пржењето уште малку.




Во густиот испржен доматен сос додајте ги исечканите пиперки и додајте вински оцет и остатокот од маслото, па продолжете со пржењето.

Фефероните исечкајте ги на даска – ако сакате лута лутеница, па веднаш откако ќе ги додадете печените пиперки, додајте ги и нив во доматниот сос.




Во меѓувреме исчистете го магдоносот. Лукот најлесно се лупи ако го оставите неколку минути да отстои во вода. Исечкајте го ситно и сработете го во аван со малку сол.

Лутеницата мора да се меша постојано за да не загори, до посакуваната густина. Пред самиот крај додајте го магдоносот и истол-чениот лук. Пржете уште некоја минутиа и лутеницата е готова. Се собира врела во врели тегли, се затвора и завиткува во ќебе додека да се олади ден-два.