Додека се свртиш и тортата е готова! КЕКС ТОРТА СО БЕЛ ФИЛ: Се користи ренде и изгледа како од излог на некоја скапа слаткарница. Ова е еден рецепт за колач без печење, кој е лесен и едноставен за подготовка.

А ако сакате да го украсите како штотуку да сте го купиле во слаткарница, користете кујнско ренде и резултатот ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за основата: 300 г мелени бисквити, 120 г путер. За фил:, 300 мл слатка павлака, 300 мл млеко, 130 г шеќер во прав, 15 г ванилин шеќер, 80 г пудинг со вкус на ванила за матење (оној што не се вари). За декорација: какао во прав

ПОСТАПКА: Мелените бисквити измешајте го со растопениот путер (на пареа или во микробранова печка), а смесата со конзистентност на влажен песот притиснете ја на дното од помал калап (25 см). Ставете во фрижидер да отстои половина час или додека го подготвувате филот.

ЗА ФИЛ: Изматете ја слатката павлака со млекото, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и прашокот за пудингот (набавете специјален кој не се вариа, а ако не најдете таков, тогаш одберете шлаг крем со вкус на ванила).

Матете додека да добиете цврст фил. Распоредете го врз бисквитната основа и израмнете. Оставете го во фрижидер еден час. Потоа земете го рендето и со помош на најшироките „забци“ украсете ја тортата и од страна и одозгора.

Сличен ефект со малку покрупен рељеф можете да постигнете со задниот дел од лажицата. Користете ги истите движења како кога украсувате со вилушка. Одозгора посипете со какао во прав. Видеопрезентација погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „БРЗА И ЛЕСНА: Овошна торта без печење, за половина час е готова“ – ОВДЕ.

БРЗА И ЛЕСНА: Овошна торта без печење, за половина час е готова