РАФАЕЛО ТИРАМИСУ СО КОКОС: Лесна и кремаста торта за 5 минути готова, подобра од оригиналот! Наместо оригиналот, направете рафаело тирамису со кокос. Вкусот е неодолив, а колачот е одличен и како новогодишен десерт. Еве што ви е потребно:

Тирамису е позната италијанска торта, а нејзиното точно потекло сè уште не е познато денес. Вкусот и кремастата текстура ги воодушевуваат луѓето ширум светот, а ниту подготовката не е комплицирана.

Доколку сакате да јадете тирамису, ќе ви се допадне и овој рецепт бидејќи е комбинација од 2 познати колачи.

Направете рафаело тирамису со кокос и воодушевете го вашето семејство или гостите, а доколку сакате да пробате различни вкусови, во популарниот десерт можете да додадете и вишни.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

пишкоти (за 3 реда во калапот колку што е потребно)
250 г маскарпоне или друго крем сирење
16 г ванилин шеќер + 16 г крем стабилизатор
350 мл млечна слатка павлака
175 г кондензирано млеко
200 мл кокосово млеко за потопување на пишкотите
рафаело топчиња+ лешници за декорација
30 г кокос+ за декорација/посипување

ПОСТАПКА:

Изматете маскарпоне сирењето со ванилата и стабилизаторот, 1 минута. Постепено додајте ја слатката павлака, на двапати и матете додека да се соедини.

Потоа додајте го кондензираното млеко, изматете, па додајте го кокосот.

Сè убаво измешајте, па во калапот наредете прв ред пишкоти кратко натопувани во млекото.

Па распоредете половина фил (нешто помалку).

Потоа, пак пишкоти (натопувани во млеко) и продолжете со постапката додека да ги искористите сите состојки.

Завршете со тенок слој фил врз третиот слој пишкоти. Украсете го тирамисуто со топчиња Рафаело и посипете со кокос.

Оставете го колачот преку цела ноќ во фрижидер или најмалку 4-5 часа, а следниот ден послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.