Сте засадиле билки во градината или пак, можеби ги одгледувате во саксии во вашиот дом и едвај чекате тие да започнат да бујат, да се згуснуваат и да цветаат, посакувајќи да се претворат во раскошни убавици какви што најчесто ги гледате во списанијата и каталозите на познатите расадници.




За да го постигнете тоа, мора секако, правилно да ги негувате како што побарува секоја различна билка индивидуално, а тоа подразбира залевање, избор на соодветна позиција, заштита од штетници и – редовно прихранување, пишува НМД.мк




Почвата, без разлика дали е во саксија или во градина, со текот на времето се исцрпува и потребно е да се додадат елементите потребни за раст и развој на растението, кои без неопходната прихрана само ќе вегетираат без да растат и на крајот ќе пропаднат.




Затоа, многу е важно да се ѓубри земјиштето, а доколку не сакате да купувате вештачки ѓубрива, можете да искористите и природно, домашно ѓубриво, кое нема воопшто да чини. Всушност, ова природно ѓубриво, за жал најчесто завршува во кантата за отпадоци, неискористено…




Во ова домашно ѓубриво спаѓаат остатоци од храна, па дури и некои пијалаци кои без размислување ги фрламе и истураме во одводот на мијалникот, а може да се искористат за подобар раст на вашите билки и тоа без никаква посебна обработка.




ВОДА ВО КОЈА СТЕ ГОТВЕЛЕ ЗЕЛЕНЧУК

Никогаш не фрлајте ја водата во која сте готвеле зеленчук, бидејќи тоа е вистински рудник на корисни материи. Оставете ја да се излади и искористете ја за наводнување на растенијата во куќата, градината или на терасата – ќе ја збогатите почвата во која се засадени вашите миленици со минерали кои го стимулираат нивниот раст и развој.




Пиво

Поради изобилството на шеќер, витамини од групата Б и ферментирани материи (квасец), пивото е одличен додаток за растенијата, особено за сарделите. Ако ги истурите остатоците од овој пијалак (она што останала на дното од чашата, шишето или конзервата) во водата за наводнување, вашите цвеќиња ќе добијат голем стимул за развој и цветање.




Залевајте ги растенијата со овој раствор еднаш неделно. Кога веќе го спомнавме квасецот, кој е одличен за печење на разни печива и кој се користи за подготовка на тесто и леб, можеби ќе се изненадите ако ви кажеме, дека исто така, е одличен и за раст и развој на цвеќињата.




Ако го измешате со водата за наводнување (доволно е четвртина од коцка свеж квасец да растворите во 5 литри), таа ќе се претвори во моќно ѓубриво за кое било растение во градината, зеленчуковата градина или во куќата.




Лушпи од кикирики

Пред да ги закопате во подножјето на билката, чувајте ги во вода неколку дена за да омекнат. Тие се распаѓаат полека, но се многу корисни затоа што содржат изобилство на хранливи материи, истовремено подобрувајќи ја растреситоста на почвата.




Кора од цитрус

Портокал, лимон, грејпфрут, мандарина и лимети се богати со витамини и скапоцени минерали, кои се претежно концентрирани во кора. Навистина е штета да се фрли најхранливиот дел од овошјето, што е вистинска ризница на калиум, калциум, фосфор, железо и натриум.




Потопете ја кората во ладна вода и оставете ја да отстои 24 часа со цел да изгуби најголем дел од својата природна киселост и полесно да се распадне со помош на микроорганизмите од почвата. Исечете ја кората на поголеми парчиња, а потоа нафрлете ја околу растението и покријте ја со земја.

Кора од морков

Ако лупите морков, знајте дека го фрлате неговиот најдобар и најздрав дел, бидејќи токму таму е концентрирана најголемата количина на хранливи материи. Ако сè уште немате намера да го јадете морковот со неговата кора, тогаш барем истата не ја фрлајте, туку нахранете ги вашите цвеќиња, пишува НМД.мк

Исечете ги излупените лентички од излупен морков на поголеми парчиња и наредете ги во жардиниерите на тераса, во подножјето на домашните растенија или во градината. Кората на овој здрав корен е богата со влакна кои ја омекнуваат почвата, како и скапоцени минерали како калиум, бакар, манган, кои се многу корисни за здравјето на растенијата.

Кора од кромид

Кога чистиме кромид, секогаш ја фрламе лушпата, што е голема штета, бидејќи оваа тенка обвивка содржи многу калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум и цинк. Од неа може да се свати многу лековит чај за разни респираторни проблеми и исфрлање на слузта од белите дробови, но исто така, многу е полезна и за билките.

За да ги искористите на најдобар начин, оставете ги лушпите да се потопат во вода 24 часа за да се ослободи киселината и потоа да се искористат за ѓубрење на зелените и цветни, градинарски и саксии.

Вода од аквариумот

Ако чувате риби во аквариум, знаете дека треба да ја менувате водата од време на време за да им обезбедите дополнителна доза кислород. Сепак, отпадот од аквариумот содржи изобилство на корисни материи – првенствено алги и микроорганизми, кои се многу добри за растенијата. Водата што ќе ја исфрлите можете да ја користите за директно наводнување на домашните растенија или да ги залевате цветните леи.

Чај

Без разлика дали станува збор за црн, зелен или бел чај, лисјата на ова растение содржат многу минерали кои едноставно ќе ги регенерираат вашите миленици. Затоа, не фрлајте го она што ви останува кога ќе го исцедите чајот, или филтер кесичките отворете ги и наросете ја содржината околу растението, а остатокот од напитокот (секако, претходно оладен) исто така, истурете го во некоја саксија.

Лушпа од банана

Големата содржина на калиум, еден од трите основни елементи, кои се составен дел на секое ѓубриво, го подобрува и забрзува цветањето. Отстранете ја петелката на бананата, исечкајте ја кората на мали парчиња и измешајте ја со земјата. Како што се распаѓа, постепено ќе ослободува хранливи материи во почвата.

Талог од кафе

Талогот од кафе е богат со калиум, фосфор, бакар и магнезиум, ослободува азот и го поттикнува буењето на листовите. Ако го истурите во подножјето на градинарските растенија, тоа ќе биде одлична одбрана од полжави и мравки. Тоа е одлично ѓубриво за ацидофилни растенија (тие претпочитаат повеќе кисел терен) како што се рози, камелии, азалеи, рододендрони и хортензии, бидејќи ја зголемува киселоста на почвата и го неутрализира бигорот во водата за наводнување.