Меки и слатки принцес крофни кои се топат во уста како зимски снегулки. Преубавиот спој од ванилин крем со меки крофнички никого не го остава рамнодушен. Дефинитивно еден од најдобрите колачи на кој сите му се радуваат. За приготвување на овој колач не ви е потребно многу време, но потребно е малку трпение.

Најважната работа при подготовката на овој колач е да не ја отворате рерната додека крофничките да не заруменат.

Потребни состојки:

250 мл вода
1125 мл масло
2 лажици шеќер
150 г брашно
4 јајца

За крем:

800 мл млеко
4 жолчки
120-250 г шеќер (по вкус)
10 г ванилин шеќер
130 г брашно
125 г путер

За наросување:

Шеќер во прав
По желба можете да изматите и 300 мл слатка павлака
4 белки можете да ги искористите за некое друго јадење

Постапка:

Во тенџере на оган ставете 250 мл вода, 2 лажици шеќер и 125 мл масло. Ставете да зоврие на умерена температура, под капак. Промешајте додека шеќерот убаво да се растопи.

Тргнете го садот од оган и постепено додавајте 150 г брашно со постојано мешање со жица за матење. Мешајте додека тестото убаво да се соедини, започне да се одвојува од ѕидовите. Оставете го на страна да одмори 1-2 минути.

Потоа изматете го со миксер и едно по едно додадете ги јајцата. Матете додека убаво да се соединат со тестото. Смесата ставете ја во кеса или шприц, па формирајте ги крофничките во плех обложен со хартија за печење.

Помеѓу крофничките оставајте доволен простор, бидејќи за време на печењето тие ќе пораснат. Печете ги на 200 степени додека крофничките да заруменат, околу 20/30 минути. Не ја отворајте рерната додека не заруменат.

Печените крофнички оставете ги да изладат додека го приготвувате кремот.

За крем: Во тенџере ставете 500 мл млеко. Во посебен сад ставете 4 жолчки, 10 г ванилин шеќер, од 150 до 250 г шеќер, по вкус и 130 г брашно и 300 мл млеко. Изматете со миксер за да се изедначи смесата.

Смесата постепено излејте ја во врелото млеко и сварете го кремот со постојано мешање додека да згусне. Оставете го да излади, па соединете го со 125 путер. Кремот ставете го во шприц и полнете ги крофните.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: