Повеќето од нас минуваат низ истово речиси секој ден – само што ќе излеземе од дома, низ главата започнуваат да ни се ројат безброј прашања:

-дали ја заклучивме вратата, дали ги затворивме прозорите, дали ја изгасивме пеглата, а потоа започнува забрзано да ни чука срцето и да ни се прикажуваат катастрофични сценарија.

А агонијата уште повеќе се зголемува доколку овие прашања си ги поставуваме кога веќе сме влегле во кола и не можеме да се вратиме за да провериме.

Но сега за тоа постои решение и ќе ни користи не само кога заминуваме на пат и на одмор, туку и во секојдневието.

Трикот всушност е многу едноставен – сè што е потребно е да го форографирате шпоретот (кој секако дека е исклучен) и не само шпоретот туку и сите други предмети кои ве мачат и поради кои се грижите штом излезете од дома.

Секако фотографирајте ги непосредно пред да излезете, за да бидете целосно сигурни дека сè е во ред.

Исто така, кога ќе ве облее пот и почнат да се нижат прашања дали нешто останало запалено или отклучено, ќе можете да ја погледнете фотографијата и ќе се уверите дека сè е во најдобар ред.

Секако, има и луѓе кои во вакви ситуации не паничат премногу, но ги има и доста кои се во состојба веднаш да се вратат дома и да проверат што се случува.

Токму за ваквите паничари овој метод може да биде одличен спас. Потребно е само да се стекне редовна навика за фотографирање пред излегување од домот.