Прекрасна ПОСНА КОКОС БАЈАДЕРА: Едноставна за правење, декоративна и вкусна, без печење

Еве уште еден посен колач со бисквити и кокос, погоден за посни слави славски трпези.

Потребни состојки:

300 г шеќер
200 мл вода
250 г маргарин
300 г мелени посни бисквити
100 г кокос

За глазура:

100 г бело посно чоколадо
3 лажици масло

Постапка:

Шеќерот и водата ставете ги во мало тенџере, па кога ќе проврие варете уште 3-4 минути. Додадете го маргаринот и мешајте додека да се растопи.

Loading...

Потоа додадете ги мелените бисквити и кокос, па убаво промешајте додека сите состојки да се изедначат.

Добиената смеса излејте ја во плех (приближно 40х30 см) обложен со фолија и оставете да се стегне. Од половина од оваа смеса можете да направите топчиња и да ги валкате во мелени бисквити на пример.

На пареа растопете го чоколадото со масло, па прелијте ја бајадерата. Кога ќе се стегне исечете ја на штангли.

Бајадерата можете да ја прелиете и со бел фондан направен од шеќер во прав и малку вода.

Loading...