Посна Нес-кафе торта: Вкусна и мирисна торта

Фото и рецепт: Милица Михајловиќ

Посна торта со вкус на Нес-кафе.

Потребни состојки:

100 г шеќер
100 г посен маргарин
100 мл вода
1 кесичка Нес кафе
300 г брашно
½ прашок за печиво

За фил:

Loading...

700 мл вода
200 г шеќер
4 кесички Нес кафе
7 лажици густин
250 г посен маргарин
300 г посен шлаг
газирана вода по потреба

Постапка:

Путерот пенасто изматете го. Додадете го шеќерот и продолжете со матење. Во брашното ставете прашок за печиење и промешајте. Потоа додадете го во изматениот маргарин, па заедно добро измиксајте ги. Во смесата ставете промешана една лажица нес кафе во 100 мл вода и продолжете со матење.

Добиеното тесто поделете го на три дела од кои ќе се испечат три кори врз превртена тепсија или калап. Калапот за торти обложете го со хартија за печње но од неговиот заден дел.

Земете еден дел од тестото и со помош на прстите, тапкајте го и развлечете кора според димензиите на калапот. Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 10 минути.

За фил: Во густинот додадете вода и убаво промешајте да нема грутчиња. Преостанатата вода ставете ја на оган заедно со шеќерот и нес кафето, па кога ќе зоврие додадете го густинот со постојано мешање додека да добиете густ крем. Тргнете на страна да излади.

Путерот измиксајте го пенасто, па во него постепено додадете го изладениот крем од нес кафе со постојано матење.

На страна изматете го шлагот и започнете со филување на тортата. Врз првата кора нанесете третина од филот и убаво израмнете, па ставете третина од крем шлагот. Постапката повторете ја со трите кори.

Деталите погледнете ги во видеото:

 

Loading...