Познатиот стар десерт што сите го сакаат…Без печење и без јајца, готов за 15 минути…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 + 700 мл ладно млеко
3 кесички пудинг од ванила (3х40 г)
9 лажици шеќер
300 г бисквити (искршени со раце)
200 г путер
200 г кисела павлака
4 банани исечени на половина, надолжно
ПОСТАПКА:
Во 300 мл млеко растворете го пудингот и шеќерот, а остатокот оставете да зоврие. Сипете го пудингот и мешајте непрекинато додека да згусне. Додајте го путерот и мешајте да се растопи, а потоа додајте ја и павлаката.
Кога кремот ќе се изедначи сипете го во бисквитите и промешајте. Половина од смесата распоредете ја во калап со средна големина (20х30 см), намастен со путер.
Распоредете ги бананите преку смесата, па одозгора сипете го остатокот и убаво израмнете. Оставете го колачот во фрижидер да се олади и стегне. По желба декорирајте со мелени лешници. Постапката погледнете ја ОВДЕ: