ПОСНА ШАРЕНА САЛАТА…Освежителна и вкусна, идеален избор и за постење и за посни слави…

Оваа освежителна и вкусна посна салата е идеален избор и за постење и за посни слави.

Комбинацијата од компири, моркови, цвекло, црвен кромид и туна во посен мајонез ќе создаде богатство на вкус, додека сусамот, калинката и магдоносот и даваат посебен шмек на оваа вкусна салата.

Лесна за подготовка, хранлива и полна со бои, одлично се вклопува со различни оброци.

За посебни моменти, без разлика дали се работи за посна слава или обичен оброк за време на постот, со оваа салата можете вистински да се насладите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 компири
2-3 моркови
2 цвекло
1 црвен кромид
200 г посен мајонез
200 г туна
сусам, зрна од калинка, свеж магдонос

За маринирање на кромидот:
1 лажица маслиново масло
1 лажица јаболков оцет
1 рамна лажичка шеќер

ПОСТАПКА:

1.Исчистете ги компирите, морковите и цвеклото и сварете ги во солена вода. Оставете да се излади.

2.Маринирање на кромид:
Кромидот ситно се сечка, се прелива со масло, оцет и шеќер. Измешајте и оставете 10 минути.

3.Исцедете ја течноста од туната.
4.Сусамот истостирајте го (се пропржува на суво).

На десертна тацна ставете обрач со дијаметар од 18 см, па наредете го по овој редослед:

-рендан компир
-посен мајонез
-исцедена туна
-мариниран кромид
-посен мајонез
-рендан морков
-посен мајонез
-рендано цвекло
-посен мајонез
-пржен сусам
-Декорација (калинка, магдонос и топчиња)

Забелешка:

-Од зеленчукот што ви останал како вишок (ако е ви остане), направете топчиња за декорација, не мора многу да притискате и да го пасирате зеленчукот.

-Цвеклото можете да го купите веќе излупено и подготвено во поголемите маркети.
-По потреба променете ги нивоата на слоевите, само оставете ги компирите и сусамот таму каде што се.

-Наместо калап можете да користите сад, по можност проѕирен (транспарентен), за да се гледаат слоевите.

-Чувајте го во фрижидер во добро затворен сад или ставете проѕирна/најлонска фолија, доколку немате капак. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ:

8 ПОСНИ САЛАТИ ЗА СЛАВА…Која од која поубава, а можат да бидат и оброк