ПОСНА ПИТА со готови кори, зелка и ореви…ја правам за слава и Бадник и следниот ден останува свежа и мека…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори
700 г свежа зелка
150 мл масло
1 мала лажичка сол неполна
малки мелен црн пипер по вкус
250 г мелени ореви
200 мл газирана вода
ПОСТАПКА:
Зелката исечкјате ја најситно како за салата, па пропжете ја во масло 20-тина минути на умерена температура, колку да омекне. Посолете ја и запиперете ја по вкус.
На секоја кора распоредете по малку зелка, малку газирана вода и мелени ореви, па здиплете ја од едната страна, па од другата страна, така да добиете долга лента, а потоа свиткајте ја во ролничка како сарма-питичка.
Постапката повторете ја додека да ги потрошите сите кори и материјалот. Наредете ги питичките во плех обложен со хартија и одозгора премачкјате ги со газирана вода.
Печете ги 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја во Инстаграм-видеото ОВДЕ:
https://www.instagram.com/reel/DDWadM5MX3G/?igsh=MW8xNHhsMzE2ZnlidQ==