Познато е дека грипот и настинката бараат лекување со одмор. Доколку не се одлежат како што треба, а тоа подразбира барем десет дена строго мирување, ослабениот организам ќе стане идеална подлога за развој на бактерии и вируси.

Упорната кашлица е карактеристичен симптом за бактериски или вирусни инфекции на дишните патишта проследени со густ леплив секрет во грлото, синусите и белите дробови, кој залепен за ѕидовите на нашите бронхии, многу тешко се разводенува и исфрла.

Во продолжение на текстот ви нудиме неколку решенија како да си ги спасите белите дробови и да ја исфрлите слузта на природен начин. Дознајте кои се најдобрите чаеви, сирупи и други природни лекови за искашлување на секретот кај деца и возрасни, а кои многу лесно се приготвуваат во домашни услови.

Напиток од бел слез

Прелијте една лажица сув корен од бел слез со 200 мл ладна вода и оставете поклопено да отстои 6-8 часа. Процедете и пијте во мали голтки. Секогаш имајте навремено приготвена доза за можете да испиете две чаши чај дневно.

Вака приготвениот чај за искашлување на секретот не се засладува и се пие 2 пати дневно.

Сируп од бел слез, ленено семе и жалфија

Измешајте по една лажица корен од бел слез, ленено семе и жалфија. На оган ставете 250 мл вода и 100 г интегрален шеќер, па кога тој ќе се растопи додадете ја мешавината од билки и еден лимон добро измиен и исечен на парчиња. Сирупот варете го 15 минути на умерена температура, а потоа тргнете го од оган, па по 15-тина минути процедете го.

Употреба: По една лажичка 4 пати дневно до подобрување. Сирупот се чува во фрижидер.

Сируп од црна репка, црвен кромид и лук

Во блендер ставете 250 мл лимонов сок, 250 мл мед, една главица црвен кромид исечен на парчиња, шест чешниња лук и една поголема црна репка, излупена и исечена на парчиња.

Изблендирајте ги исте состојки додека да добиете хомогена смеса. Потоа складирајте во стаклена тегла и чувајте во фрижидер да отстои една седмица. Потоа може да се употребува.

Употреба: трипати дневно по една лажица, половина час пред оброк.

Сируп од пиво и интегрален шеќер

Загрејте 150 г интегрален шеќер додека да се карамелизира, а потоа додадете 500 мл пиво. Варете на умерен оган 20 минути додека да добиете сируп кој е малку поредок од медот.

Тргнете го од оган и оставете го поклопено да се излади, а потоа сирупот складирајте го во одговарачка стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Се консумира по една супена лажица трипати дневно пред оброк.

Чај од липа за искашлување кај деца

Едно од решенијата за тоа како да се исфрли секретот кај децата, ни го нуди благиот чај од липа. Ако го користите повеќе денови, ќе ја ублажите кашлицата и ќе го забрзате исфрлањето на наталожениот секрет. Овој чај за искашлување исто така поттикнува потење, што е важно во случај на грип, настинка и вироза. Се пие додека е топол, наутро и навечер, а се приготвува многу лесно:

Две супени лажици цвет од липа се прелеваат со 500 мл зовриена вода, а потоа се остава 20 минути да отстои. Се процедува и се засладува со мед и лимонов сок.

Сируп од ловоров лист за исфрлање на секретот од грло и нос

Растопете на умерен оган 250 г интегрален шеќер додека да се карамелизира. Додадете 250 мл вода, 3 лажички жалфија и 3 издробени листови ловоров лист. Кога ќе проврие, варете уште 3 минути, а потоа тргнете од оган и оставете поклопено да излади.

Чувајте во стаклено шише, на ладно и темно место. Овој напиток се консумира 3-4 пати дневно кога ќе наиде напад на кашлица по една супена лажица. Се консумира редовно додека да се исфрли целиот секрет.

Чај за исфрлање на секретот со ленено семе и тимијан

Во неоштетен емајлиран сад ставете 3 лажици ленено семе и 500 мл вода. Варете на умерена температура 10 минути. Потоа додадете лажица сув тимијан, па поклопено оставете да отстои уште 20 минути. Потоа процедете и пијте по една голтка подгреан чај, повеќепати во текот на денот.

Природен лек за лекување на бронхитис

Потребни состојки за возрасни:

500 г ливадски мед (може и посилен)
1 лимон – сок
3 лажици ленено семе
1 лажица семе од бел синап

Потребни состојки за деца над 3 години:

500 г багремов или некој друг светол мед
1 лимон – сок
2 лажици ленено семе
1 лажички семе од бел синап

Постапка:

Леленото семе и синапот сомелете ги во прав. Исцедете сок од еден поголем лимон (или два помали), па додадете го во тегла со мед.

Добро промешајте за медот малку да се разреди. Во разредениот мед додадете ги мелените зачини и мешајте добро за медот да ги впие состојките. Поклопете и оставете во фрижидер.

Употреба: 3х1 лажичка на ден за деца, а за возрасни 3х1 супена лажица.

Поради лимоновиот сок смесата мора да се чува во фрижидер.
Овој природен лек секогаш го земам штом почне да ме гребе грлото.