ПОСЕН И БРЗ КОЛАЧ (без масло, на вода)…Има слични рецепти, но ова е најдобриот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл вода
10 лажици шеќер
4 лажици џем од кајсии или некој друг по ваш избор
5 лажици гриз
8 полни лажици мелени ореви
10 г ванилин шеќер
14 г прашок за печиво
малку рендана кора од лимон
15 лажици брашно

И УШТЕ:
уште малку џем за премачкување и мелени ореви за посипување

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте ги водата и шеќерот. Додајте џен и мешајте додека сето да се раствори.

2.Потоа додајте гриз, мелени ореви, ванила и рендана кора од лимон, а на крај просеано брашно. Изедначете, да нема грутчиња.

3.Добиената смеса излејте ја во намастен калап (или обложен со хартија) со димензии 30х20 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

4.Печениот колач премачкјате го одозгора во тенок слој со џем и посипете го со мелени ореви. Кога целосно ќе се олади исечете го на коцки и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.