Додека армија од вируси не демне насекаде, најлошо што може да ви се случи е да имате ослабен имунитет. Сепак, постојат грешки кои несвесно ги правиме, а кои секако не смееме, особено во зима.

 

1.СЕ ПОТПИРАТЕ НА ВИТАМИН Ц

Поголемиот број луѓе дополнителните залихи од витамин Ц ги бараат во цитрусите, а како резултат на тоа, при првата поголема набавка во супермакетот купуваат со тони портокали и лимони. Сепак, д-р Ден Дун истакнува дека според истражувањата направени во последните 70 години, се покажало дека витаминот Ц не ги ублажува симптомите од настинката, ниту го скратува времето на болеста.

Според неговите зборови, нема резон да се земаат големи количини витамин Ц, бидејќи нашиот организам секако ќе си ја земе само онаа количина која нему му е потребна, а вишокот ќе го исфрли. Би можело да се земе во предвид само оној суплемент од витамин Ц со одложено разложување во организмот. Од друга страна, суплементите на цинкот значително го опоравуваат организмот и дополнително го штитат од вируси и бактерии.

 

2.НЕ ПИЕТЕ ДОВОЛНО ВОДА

 Зимно време не чувствувате жед исто како летно време, па често се случува да не внесувате доволно течности. На човековиот организам секојдневно му се потребни најмалку 2 литри течност во текот на денот. Секако дека можете да пиете и чај и кафе, но сепак внимавајте да не претерате со кофеинот.

 

3.НОСИТЕ КОПИИ ОД УГГ ЧИЗМИ

Точно е дека топлат и дека во овие студени денови се добредојдени, но копиите на овие популарни чизми сепак не се добро решение. Покрај тоа што не траат ни приближно како оригиналните, нивните копии можат да ви предизвикаат различни деформитети, па после неколку години да зажалите што воопшто некогаш сте ги обуле.

 

4.ЗАБОРАВАТЕ НА КРЕМИТЕ СО УВ ФАКТОР

 Можеби мислите дека зимно време сте повеќе заштитени, но за жал, изложувањето на сонце и по најголемото невреме може да ви ја оштети кожата. Д-р Адам Фридмен, дерматолог, истакнува дека повеќето од брчките и неправилностите по лицето доаѓаат токму од изложување на сонце. Погрижете се следниот пат кога ќе излезете на пазарење, да ја погледнете и ознаката за заштита од УВ зрачење.

 

5.СУШИТЕ АЛИШТА ВО ДНЕВНИОТ ПРЕСТОЈ

Кога дома ги сушите алиштата, се испуштаат опасни материи како што се ацеталдехид и безнен. Затоа, доколку немате услови да ги сушите алиштата надвор, тогаш редовно проветрувајте ги просториите. Во спротивно, дури и оние луѓе кои немаат проблем со астма, алергии и кожа, ќе добијат симптоми и тегоби како што се главоболка и црвени очи.

 

6.ЧЕСТО ГО КОРИСТИТЕ „СНУЗ“ КОПЧЕТО

Студено утро, а дома слабо греење. Колку и да е примамлива топлата постела, не би требало да посегнувате по „снуз“ копчето кога прв пат ќе се огласи будилникот. Всушност, тоа е најлошата работа која можете да ја направите. Овој потег го збунува организмот и го прекинува процесот на будење кој се јавил при првиот аларм. Исто така, спалната соба не би требало да биде премногу топла. Подобро изберете да биде постудена, темна и тивка.

 

7.БОМБАРДИРАЊЕ СО ЈАГЛЕХИДРАТИ

Просечно лице се здебелува околу 3 килограми зимно време. Ако мислите дека и не е толку „страшно“, сетете се колку е всушност тешко да се ослабат токму овие неколку килограми кога ќе дојде лето. Затоа свртете се кон зеленчукот, салатите, рибата и домашните супи.

 

8.СЕ ОБЛЕКУВАТЕ ПРЕМНОГУ ТОПЛО КОГА ОДИТЕ НА ТРЧАЊЕ

Професионалниот тренер Лаидлер вели дека најдобриот избор за „дукс“ е комбинацијата од спандекс и најлон. Исто така, не заборавајте да се преоблечете што ќе се вратите од трчање или вежбање.

 

9.ЈА ИГНОРИРАТЕ АЛЕРГИЈАТА

Склони сме да мислиме дека алергиите се јавуваат само во летните периоди, но тоа не е точно. Поради респираторните инфекции важно е што почесто да се проветруваат просториите во кои престојувате.