Ја нарекуваат ТИРОПИТА. Едноставно се приготвува, одличен рецепт за брзо и вкусно јадење. Може да ја приготвите за појадок или вечера, а може да се послужи и како одлична закусна или прејадење.

Потребни состојки:

4-5 јајца, 1 лажичка сол, 1 чаша (180 г) кисела павлака (може и кисело млеко), 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 150-200 г брашно, 200 г тврдо сирење (трапист) и сусам за наросување одозгора. Наместо 200 г трапист, може да додадете 400 г фета сирење и 200 г рендан кашкавал.

Постапка:

Јајцата изматете ги со една лажичка сол, со миксер или жица за матење. Потоа додадете ја павлаката, масло, прашокот за печиво и брашното. Убаво соединете и на крај додадете рендан кашкавал, а фета сирењето издрбете го со виљушка.

Смесата излејте ја во малку намастен плех наросен со брашно (30х20) или тепсија 30 см. По желба наросете сусам и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-40 минути во зависност од рерната, додека питата убаво да зарумени.

Малку изладената пита исечете ја на коцки и по желба послужете со чаша јогурт или порција обчо кисело млеко. Добар апетит!

coolinarika.com