ПЛАЗМА СЛАДОЛЕД КОЦКИ…Брзо, едноставно и освежително…Брзи, едноставни, освежителни, вкусни – ова се главните карактеристики на овие коцки…

А ,освен што можете да ги чувате во фрижидер и да ги послужувате како кремасто задоволство, нема да погрешите и ако ги ставите во замрзнувач и да уживате во нив како освежителен сладолед. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За подлога:
150 грама мелен бисквит
60 грама путер
60 мл сок од портокал.

За крем:

2 кесички Леден десерт од ванила Dr. Oetker Bourbon
200 мл ладно млеко
200 мл павлака за шлаг
200 грама рендано млечно чоколадо
100 грама печени и сечкани лешници.

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги мелените бисквити со растопениот путер и сокот од портокал.

Соединете ги состојките за да добиете конзистенција на влажен песок. Распоредете ја смесата во плех со флексибилен обрач со димензии 16 x 24 см. Одозгора притиснете со дното на чаша за да се израмни.

Подготовка на кремот: содржината на кесичките измешајте ги со ладното млеко, измиксајте и кога ќе згусне постепено додајте ја течната павлака. Матете со миксер три минути за да добиете убав цврст крем.

Додајте крупно рендано млечно чоколадо и сечкани лешници (претходно тостирани), нежно измешајте со жица или шпатула.

Распоредете го кремот преку основата. Ставете во замрзнувач или во фрижидер. Што се однесува до декорацијата, можете да декорирате со растопено млечно чоколадо и да посипете со печени сечкани лешници. На здравје сладење!