Многу вкусна пита со фил од јаболка и гриз. Потребни состојки: 500 г тенки кори, 1,5 кг јаболка, 600 г + неколку лажици шеќер, 700 мл вода, 1 ванилин шеќер, 100 г путер, малку масло, 3 лажици гриз и по желба ореви, цимет, суво грозје

Постапка: Сируп: 600 г шеќер растопете во 700 мл вода и ставете на оган да зоврие. Ставете го и ванилин шеќерот, па готовиот сируп тргнете го на страна да излади.

Растопете 100 г путер и во него додадете неколку лажици масло. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па додадете неколку лажици шеќер и 3 лажици гриз, за да го впијат вишокот сок.

По желба, во филот можете да додадете цимет, суво грозје и ореви. По две кори спојувајте, премачкувајте ги со путер и масло, па филувајте со јаболка. Филот се нанесува само на еден дел на почетокот, па потоа се витка во ролат. Испланирајте да ви остане доволно фил за сите кори.

Свитканите кори редете ги во плех. Кога сите ќе ги наредите, исечете ги со остар нож, одозгора полијте ги со малку масло и ставете да се пече на 200 степени додека да заруменат. Врелата пита прелијте ја со ладен сируп.