Екстра чоколадни кифли – кроасани, омилени на децата

Рецептот за овие декоративни, превкусни чоколадни кифли, го објави нашата читателка во групата НМД рецепт.

Фото и рецепт: Снежана Јанкуловска

Потребни состојки:

700 г брашно
1 јајце
20 г квасец
4 лажици масло
250 мл млеко
1 чаша јогурт од 180 г
2 лажици шеќер
½ лажичка сол
2 лажици какао
1 лимон – рендана кора
За премачкување на тестото: 200 г путер
Фил: по желба, нутела или чоколадо

Постапка:

Во помал сад измешајте го квасецот, 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно, па прелијте со 100 мл млако млеко.измешајте убаво да се раствори и соедини, па оставете 10-тина минути да се активира.

Остатокот од млекото и јогуртот измешајте ги и загрејте ги да добиете млака течност, со постојано мешање.

Во подлабок сад разматете го јајцето, додадете шеќер, сол и масло, па измешајте. Додадете ја млаката мешавина од млеко и јогурт, активираниот квасец, па измешајте убаво и додадете кора од лимон.

Од брашното одвојте две лажици и оставете ги на страна. Во смесата со квасецот постепено додавајте го брашното и замесете убаво, сите состојки да се поврзат .

Добиеното тесто поделете го ан два дела, а во едниот додадете две лажици брашно кои ги одвоивме претходно, а во другиот ставете две лажици какао во прав.

Тестата убаво измесете ги за да добиете мазни теста кои не лепат на раце. Покријте ги и оставете ги на стасуваат. Најдобро е уште еднаш да ги премесите и повторно да ги оставите да стасуваат.

Секое тесто, темното и светлото, поделете го на 6 делови (вкупно 12) и обликувајте топчиња. Оставете ги малку да одморат, околу 10-тина минути.

За една кора земете по три топчиња од секое тесто (темна, па светла и т.н) и премачкувајте ги со омекнат путер или маргарин, освен последната, и редете ги една врз друга. Исто постапете и со другиот дел од тестото, за втората кора.

Вака премачканите кори развлечете ги во една поголема кора со повремено наросување на брашно и превртување, па пресечете на 16 еднакви тријаголници. Филувајте ги и виткајте ги кифлите.

Редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени, кратко околу 15-20 минути, во зависност од рерната.

Фото и рецепт: Снежана Јанкуловска

Прочитајте уште еден рецепт за шарени кифли:

Шарени кифлички со пиво и прелиени со сируп – фантазија!

Loading...