Фото и рецепт: Марина Станојевиќ

Пита со јаболка: Домашно благо за сите годишни времиња, за сите возрасти. Од обичната пита се разликува по тоа што после печењето се прелива со сируп, со што е многу слична на блаклавата.

Потребни состојки:

500 г тенки кори за баклава
1,5-2 кг јаболка покиселки
5 лажици шеќер
2 лажици масло
1 ванилин шеќер
1 лажичка цимет

Напомена: Може да додадете ако сакате и сечкани ореви, јас не ставам, а вие како сакате.

За прелевање:

100 г путер/маргарин
100 мл масло

За сируп:

3 шолји (од 250 мл) шеќер
2 шолји вода
сок од лимон, не мора

Постапка:

За фил: јаболката измијте ги и излупете ги, исечете ги на парчиња, а потоа крупно изрендајте ги. Малку исцедете ги со рацете од сокот.

На загреано масло издинстајте ги додека течноста да испари.

За сируп: Измешајте вода и шеќер, па варете од моментот на зовривање уште 20-тина минути. Пред самиот крај додадете малку лимонов сок или неколку лимонови тркалца.

Кога ќе ја прелевате печената пита, сирупот треба да биде барем на собна температура, па затоа пригответе го порано, за да има време да се олади.

Виткање на питата: на тивок оган ставете го путерот да се растопи заедно со маслото. Треба да биде топло кога ќе се полеваат корите, па затоа одржувајте ја температурата.

Во зависност од дебелината и бројот на корите, поделете го филот на еднакви делови. Така на пример, ако имате 18 тенки кори, тогаш редете ги по три, а филот поделете го на 6 делови.

Секоја кора прскајте ја со растопениот путер, па редете по 2-3 една врз друга, а на последната распоредете фил и свиткајте.

Ролатите редете ги една покрај друга во претходно намастен плех. Исечете ја питата на парчиња со големина по ваша желба, одозгора премачкајте ги со остатокот од мешавината од путер и масло, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25-30 минути.

Извадете ја питата од рерна, па после 5 минути полека полијте ја со изладениот сируп. Оставете убаво да се впие и олади, па послужете ја.

Marinastaste.com