Кујната е срцето на домот и местото каде ја приготвуваме храната со голема љубов за своите најмили.

Ако ве загрижуваат наталожени дамки од бигор и не знаете како да ги отстраните, постои еден трик од жена која го објави во една група за домаќинство.

Рецептот беше споделуван на сите социјални мрежи, а осум милиони луѓе беа воодушевени од резултатот.

Она што е најдобро во овој трик е тоа што не бара речиси никаков труд ниту употреба на поголема физичка сила.

Еве во што се состои тајната на овој трик:

Натопете некоја стара крпа во оцет, а потоа обложете ги проблематичните делови околу шешмата. Обратете внимание добро да бидат прекриени сите делови со оцетот.

Вака оставете да отстои најмалку еден часа или преку цела ноќ, а потоа земете еден стар сунѓе и нежно протријте. Не користете нов сунѓер, зошто може да биде премногу груб и да остави траги, но затоа користете некој стар сунѓер.

Нема потреба од употреба на голема сила, само нежно протријте и дамките ќе исчезнат. Чешмата ќе биде како нова.