Ви здодеа да го корнете плевелот: Направете домашен спреј од состојки кои веќе ги имате во кујната

Ако ви здодеа секојдневно да го корнете досадниот плевел, постои едноставно решение кое се крие во вашата кујна.

Плевел се сите инванзивни билки кои лесно се размножуваат, а поради кои се отежнува работата во градината. Плевелот честопати знае да го окупира просторот и да му ја одзеде храната на растението кое го одгледувате.

Исто така, плевелот може да расте и во најситните пукнатини од ѕидовите и патеките, помеѓу бехатонот и украсните цигли, па со нивната мрежа од корења да предизвикаат штета.

Некои пак видови плевел се штетни за поедини луѓе кои се алергични, па предизвикуваат труења и дерматитис.

Ако и вие имате ваков проблем, пробајте го овој домашен производ кој многу лесно се приготвува.

Потребни состојки:

¼ шолја сол

½ лажица детергент за садови

½ шолја јаболкова киселина

Постапка:

Сите состојки добро измешајте ги и добиената течност складирајте ја во шишенце со спреј.

Прскајте го директно само коровот, а другите билки заштитете ги со картонска плоча или слично.

Беш штетни хемикалии, природно и ефикасно.

Претходна статијаЈафа торта без печење, содржи разни бисквити и шлаг со глазура
Следна статијаПита-баклава со јаболка, домашно благо за сите годишни времиња